Кои се четирите основни сили на природата?

0

„Основна сила на природата“ претставува привлечност или одбивност помеѓу предметите, како што е опишано преку интеракции помеѓу полињата и честичките. Физиката идентификуваше четири основни типа на овие интеракции, кои заедно го опишуваат секое дејствие што го гледаме во Универзумот, од распаѓањето на атомските честички до поместувањето на цели галаксии.

сили

Заслуги: imaginima/Royalty Free/Getty Images

Што е силната нуклеарна сила?

Силната нуклеарна сила е она што ги држи заедно јадрата на атомите. Протоните и неутроните кои го сочинуваат јадрото на атомот, самите се составени од трио поедноставни честички наречени кваркови. Честичка наречена глуон делува на својството на кварковите кое се нарекува  боја, создавајќи го влечењето на оваа сила. За разлика од другите три фундаментални сили, колку повеќе треба да се движи глуонот, толку посилна станува нуклеарната сила. На скалата на протони и неутрони, овој ефект сличен на пружина го прави неверојатно тешко да се раздвојат кварковите. Ова помага да се објасни зошто силната сила е толку  силна. На скалата на целото јадро на атомот, силата исто така ги врзува целите протони и неутрони едни на други. Протоните исто така се оддалечуваат еден од друг под дејство на електромагнетната сила, ставајќи ги атомските јадра во деликатна рамнотежа.

Што е електромагнетизам?

Електромагнетизмот е и привлечна, и одбивна сила, која се јавува помеѓу честичките со својство наречено полнеж, кои се јавуваат во две варијанти – позитивни и негативни. Предмети со ист полнеж ќе имаат одбивно дејство едни на други, додека предмети со различни полнења ќе имаат привлечно дејство. Ова е силата што е најочигледна во нашите секојдневни животи. Благодарение на интеракциите на негативно наелектризирани електрони и позитивно наелектризирани протони, оваа сила им овозможува на единечните атоми да се комбинираат во различни материјали. Силата се носи и преку електромагнетното поле од честичка наречена фотон, што благодарение на хемиските промени во нашите очи, нашите тела ја чуствуваат како светлина.

Што е слабата нуклеарна сила?

Од сите фундаментални сили, слабата нуклеарна сила е најсложена за разбирање. Опишува како кварковите што ги сочинуваат нуклеарните честички можат да се менуваат од една во друга форма. Силата ја носат честички наречени бозони W и Z. Слабата сила делува на неверојатно кратко растојание, еднакво на околу 0,1 процент од дијаметарот на протонот. Кога честичка, како што е неутриното, се приближува близу до кварк, слабата сила предизвикува промена на кваркот со испраќање W бозон. Ова може да го претвори неутронот во протон (создавајќи нов елемент во процесот), а неутриното во електрон.

Што е гравитација?

Гравитацијата е привлечна сила помеѓу масите, што според општата релативност се јавува како резултат на влијанието на енергијата што делува на простор-времето. Додека теоријата сугерира дека може да има посредничка честичка – наречена гравитон – експериментите допрва треба да го поддржат неговото постоење. Иако се чини дека гравитацијата е силна сила, одговорна за одржување цели галаксии заедно и е одговорна за светлината од ѕвездите, таа е приближно 10 ^ 29 пати послаба од слабата нуклеарна сила. Тоа значи дека практично нема видлив ефект врз скалата на ситни честички, станувајќи релевантна само на космичко ниво.

Дали има повеќе од четири фундаментални сили?

Додека Стандардниот модел опишува само четири носачи на сили и нивните ефекти, има малку за да се спречи повеќе сили хипотетички да постојат во алтернативните модели. Биле забележани потенцијално нови честички со карактеристики на непознати носачи на сили во експериментите со висока енергија во последниве години. Суптилните ефекти на оваа сила може да се видат во насоките на патеките на субатомските честички при некои видови распаѓање. Нивното постоење може да биде дури и објаснување за темната материја. Засега, сите дополнителни сили се многу шпекулативни. Идните експерименти би можеле да ги исклучат, или – само можеби – да најдат нова физика што покажува дека има повеќе од четири сили во Универзумот.

Превод-Христијан Птерески

Извор- sciencealert.com

Сподели.