Стани член

Скопско астрономско друштво е отворено за прием нови членови во секое време, без оглед на нивното предзнаење од областа на астрономијата. Стани член!

Дел од активностите на друштвото се курсеви по астрономија, циклус предавања од областа на астрономијата, астрономски кампови, теренски набљудувања и астрофотографија, отворени набљудувања за јавноста, изложби, забави, состаноци, преводи на вести за веб страната и пишување на авторски текстови, гледање на Sci-Fi филмови и документарци, направи-сам проекти итн. Членовите се охрабруваат да се вклучат во сите активности на друштвото (без обврски, по сопствена желба).

За членарина се плаќа секоја година, и тоа:

  • 500 ден. за студенти и средношколци
  • 1000 ден. за сите останати

Зачленувањето е вообичаено на редовните состаноци кои се одржуваат секој прв понеделник од месецот во просторија 122 на ФЕИТ. Состаноците се закажуваат со email известување.

Напомена: Во случај да сме на терен или да имаме други активности, состанокот се откажува, па затоа пред да дојдете пишете ни тука, на фејсбук или твитер.

Придружи ни се под ѕвездите!

Стани член

Членовите на САД на терен. Заслуги: Мартин Стојановски, Скопско астрономско друштво (2015)