Сатурн

0
оваа слика која ги претставува вистинските бои на Сатурн е композитна фотографија направена од Војаџер 2 на 4 август 1981 година на оддалеченост од 21 км од траекторијата на леталото. Од лева страна се забележуваат трите ледени месечини на Сатурн.

оваа слика која ги претставува вистинските бои на Сатурн е композитна фотографија направена од Војаџер 2 на 4 август 1981 година на оддалеченост од 21 км од траекторијата на леталото. Од лева страна се забележуваат трите ледени месечини на Сатурн.

Сатурн е шестата планета од Сонцето, орбитира на околу 10 астрономски eдиници од Сонцето и е втората по големина. Во римската митологија, Сатурн е бог на земјоделството. Сродниот грчки бог Кронус, бил син на Уран и Гаја и таткото на Зевс (Јупитер).

Сатурн е познат уште од предисториско време. Галилео бил првиот кој набљудувал преку телескоп во 1610 тој ја забележал неговата чудна појава и бил многу збунет од неа. Обсервациите на Сатурн биле искомплицирани поради фактот дека Земјата поминува преку рамнината на прстените на Сатурн на секои неколку години како што Сатурн се движи по својата орбита. Дури во 1659 Кристијан Хајгенс коректно ја организирал геометријата на прстените. Прстените на Сатурн останаа уникатна појава во Сончевит Систем, се до 1977 кога беа откриени околу Уран,а потоа и околу Јупитер и Нептун.

ИНТЕРЕСНО

Иако неговите прстени изгледаат од Земјата како една целина, тие се всушност составени од огромен број мали честици, секоја во независна орбита.

Сателитот на Сатурн, Титан, има атмосфера богата со метан.

Сатурн беше најпрво посетен од Пионир 11 во 1979 и подоцна од Војаџер 1 и Војаџер 2. Касини е на пат кон Сатурн каде што ќе пристигне во 2004.

Како и Јупитер, Сатурн е околу 75% водород и 25% хелиум со траги од вода, метан, амонијак и тврд материјал сличен на составот на примордијалната небула од која се формирал Сончевиот Систем.

Jадрото на Сатурн е слично на Јупитер. Тоа е жешко со 12000 К и Сатурн емитира повеќе енергија отколку што прима од Сонцето. Поголемиот дел се создава преку Келвин-Хелмхолцовиот механизам како и кај Јупитер. Но, ова можеби не е доволно за да се објасни неговата луминозност.

Иако неговите прстени изгледаат од Земјата како една целина, тие се всушност составени од огромен број мали честици, секоја во независна орбита. Нивната големина е од центиметар па до неколку метри. Можно е да се сретне и со дијаметар од неколку километри.

Честиците од прстените се составени главно од мраз, но можат да содржат и карпест материјал.

Потеклото на прстените на Сатурн и кај другите планети од Јупитеров вид е непознато. Се претпоставува дека настанале со распадување на сателит.

Сатурн може да се набљудува со голо око, иако убавината на неговите прстени се открива дури кога ќе ги погледнеме низ телескоп.

Сподели.