Церера

0

Најмалата од џуџестите планети Церера е составен дел на астероидниот појас кој што се наоѓа помеѓу планетите Марс и Јупитер. Орбитира на просечно растојание од Сонцето 414 милиони км, или 2.8 (АЕ). Овој објект е откриен во 1801 година од Џузепе Пиаци. Педесетина години по откривање сеуште беше сметана како една од планетите во Сончевиот систем, за подоцна да и биде дадена титулата најголем астероид во астероидниот појас, и на крај од 2006 да биде класифицирана во џуџеста планета.

Со дијаметар од 950 km, Церера е убедливо најголемото и најмасивното тело во астероидниот појас, содржи 32% од вкупната маса на појасот и за разлика од најголемиот број од објектите во астероидниот појас има сферична форма. Површината на Церера најверојатно е мешавина од воден мраз и најразновидни хидратни материјали како што се карбонати и глини. Според анализите кај Церера среќаваме 2 составни дела, карпесто јадро и мразовита кора, а дури постојат претпоставки дека може да содржи течна вода под неговата површина. Наклонетоста на оската на ротација е 3 степени и ротира еднаш околу Сонцето на секои 4.6З емјини години. Се претпоставува дека Церера има многу мала атмосфера, која произлегува од водениот мраз кој би го имало на нејзината површината. Површинскиот воден мраз е нестабилен на оддалечености до 5 а.е. од Сонцето, па во контакт со сончевото зрачење тој веднаш би преминал во гасовита состојба. Водениот мраз може да мигрира од длабочините на Церера до површината за таму многу брзо да испари. Церера во зависност од нејзината положба на небото можеме да ја видиме како објект со магнитуда +6.7 кога е во опозиција, па до +9.3 кога е во конјункција. Но, воглавно овој објект може да се набљудува како една бледа ѕвезда на небото и со двоглед.

Планирана е мисија која што треба да пристигне на оваа џуџеста планета во 2015 година. После 2015 ќе имаме многу повеќе информации за развитокот и карактеристиките на Церера.

Сподели.