Како да го набљудувате претстојниот метеорски дожд Персеиди

0
Метеорскиот дожд Персеиди е веќе активен од 14 јули и ќе трае до 24 август. Искористете секоја ведра ноќ за да уживате во ѕвезди што паѓаат.
метеори

Заслуги: Petr Horálek

Често ни поставуват прашања каде и како да ги гледата и кога.

Каде?
Што е потемно место тоа подобро. До колку сте во град ќе морате да одите малку подалеку на некое место каде нема сијалици ниту некое значително свелосно загадување. Ако веќе имате и неможете да избегнете некое светло гледајте барем да не гледате во таа насока туку во дел од небо каде е најтемно.
Како?
Метеори се набљудуват со голото око без помош на двоглед или телескоп. Можете да си најдете некоја столица или лежалка, да се облечете потопло и да се свртите кон најтемен дел од небото и да уживате во ѕвезди што паѓаат.
Кога?
Пикот на овогодинешните Персеиди ќе биде ноќта помеѓу 11 и 12 август. Но можете да ги набљудувате неколку денови пред и потоа но нивниот број ќе биде значително намален. Најдобро е да почнете некаде после полноќ и кога ќе набљудувате немојте да користите телефони или било какво светло затоа што ќе ви се уништи тнр ноќниот вид и тие побројните и послабите по сјај метеори нема да ги видите. Во видното поле избегнувајте да ви бидат било какво светло, некое дрво или куќа или било што што ќе ви го попречи видното поле. Одберете некоја светла ѕвезда на околу 45 степени (+/- 10ина степени) над хоризонтот и гледајте да не менувате видно поле што е можно подолго.
До колку имате фотоапарат, поставете го на статив, одберете некој широко-аголен објектив и ставете на што пошироко видно поле. Одберете ISO околу 3000 и експозиција од најповеќе 30 секунди. И обавезно добро ФОКУСИРАЈТЕ. Ако фатите некој добар метеор или повеќе од нив пратете ни па ќе објавиме.
Подолу е слика од вистински мајстор на астрофотографија од некое место во Чешка каде авторот уживал во Персеидите.
Пред се, облечете се добро (топла јакна капа и ракавици), одберете си темно место и уживајте.
ПС. Исклучете го интернет и изгасите телефон за да не дојдете во искушение да морате да погледнете во диспејот.
Радан Митровиќ
Сподели.