Планети

0

Орбитите на сите планети се елипси со Сонцето во едниот од фокусите. Кај сите планети елипсите речиси се кружници, освен Меркур кој има многу издолжена елипса. Кога би погледнале од над северниот пол на Сонцето, планетите орбитираат во насока обратна од движењето на часовникот. Планетите орбитираат речиси на иста рамнина наречена еклиптика, рамнина дефинирана од орбитата на Земјата. Еклиптиката е наклоната за околу 7 степени од рамнината на Сончевиот екватор.

ИНТЕРЕСНО

Кога Сонцето би било топка со дијаметар од 1,5m, а Земјата со пречник од 1,3cm, би орбитирала околу Сонцето на растојание од 150m.

Оската на ротација кај повеќето планети е речиси нормална на еклиптиката, но исклучок е Уран , чија оска е речиси паралелна со еклиптиката. Затоа кога се движи околу Сонцето изгледа дека се тркала како буре. Според конвенцијата пропишана од Меѓународната Астрономска Унија, северниот пол на планетата лежи над еклиптиката. Според тоа, Венера и Уран имаат ретроградна ротација, односно ротација спротивна од онаа на другите планети.

За да ја добиеме вистинската слика на димензионалниот изглед на Соцето и планетите ќе ја направиме следната аналогија (вистинските димензии ќе ги поделиме со милијарда): така, Сонцето би било топка со дијаметар од 1,5m, а Земјата со пречник од 1,3cm и би орбитирала околу Сонцето на растојание од 150m. Месечината би била на 30тина сантиметри од Земјата, а Јупитер со своите 15cm би орбитирал на 780m од Сонцето. Сатурн, со големина на портокал, би орбитирал на двојно поголемо растојание, односно на 1,5km, а Уран и Нептун (со големина на лимони) на 3, односно 4,5 киломери. Во оваа аналогија човекот би бил со големина на атом, а најблиската ѕвезда, Проксима Кентаур, би била оддалечена 40000km.

Осумте планети се делат на неколку начини:

Според составот:

  • Планети од Земјин тип (или карпести планети): Меркур, Венера, Земја и Марс. Наречени се така бидејќи имаат цврста, карпеста површина како и Земјата. Сите тие, освен Меркур, имаат значителна атмосфера.
  • Планети од Јупитеров тип (или гасни џинови): Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Гасните планети воглавно се составени од водород и хелиум и имаат мала густина, брза ротација, дебела атмосфера, прстени и многу сателити. Иако се наречени гасни планети, имаат мало цврсто јадро.

Според големината:

  • Мали планети: Меркур, Венера, Земја и Марс. Овие планети имаат дијаметар помал од 13000 km.
  • Џиновски планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Сите тие имаат дијаметри поголеми од 48000 km.

Според оддалеченоста од Сонцето:

  • Блиски планети: Меркур, Венера, Земја и Марс.
  • Далечни планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Границата помеѓу овие два дела е астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

Според позицијата во однос на Земјата:

  • Внатрешни планети: Меркур и Венера. Тие се наоѓаат поблизу до Сонцето отколку Земјата. Потади тоа, гледани од Земјата пројавуваат мени, исто како и Месечината.
  • Надворешни планети: Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун.
  • Земја (не спаѓа во ниту една категорија бидејќи таа ја претставува границата).

Според историјата:

  • Класични планети: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Тоа се планетите кои биле познати уште од праисториското време бидејќи се видливи со голо око.
  • Современи планети: Уран и Непрун. Сите тие се откриени по пронаоѓањето на телескопот бидејќи се невидливи со голо око (Уран може да се забележи со голо око, но само при добри услови и ако претходно се знае неговата точна позиција).
    Земја.

 

Растоја-
ние
(AU)
Радиус
(Земја=1)
Маса
(Земја=1)
Ротација
(Земја=1)
Број на сател.
Наклон на рамнина
Ексцен-
тр. на орбита
Наклон на оска
Густина (g/cm3)
Сонце
0
109
332.800
25-36*
1,410
Меркур
0,39
0,38
0,05
58.8
0
7
0,2056
0,1°
5,43
Венера
0,72
0,95
0,89
244
0
3,394
0,0068
177,.4°
5,25
Земја
1,0
1,00
1,00
1.00
1
0,000
0,0167
23,45°
5,52
Марс
1,5
0,53
0,11
1,029
2
1,850
0,0934
25,19°
3,95
Јупитер
5,2
11
318
0,411
58
1,308
0,0483
3,12°
1,33
Сатурн
9,5
9
95
0,428
31
2,488
0,0560
26,73°
0,69
Уран
19,2
4
17
0,748
>20
0,774
0,0461
97,86°
1,29
Нептун
30,1
4
17
0,802
8
1,774
0,0097
29,56°
1,64
Сподели.