Земјата ќе добие мала нова мини месечина на неколку месеци

0

Нашата Месечина отсекогаш била инспирација за поетите, уметниците и музичарите.  Глетката на нашата една и единствена Месечина е позната на секој кој некогаш погледнал нагоре кон нашето небо навечер, а понекогаш и преку ден. Сепак, одвреме-навреме, нашата Месечина е придружена од мали астероиди кои талкаат преблизу до нас. Астрономите детектирале астероид со ширина од 11 метри, кој го има името 2024 РТ5 и се приближил на 567 000 километри до Земјата и ќе стане привремен сателит од 29 септември до 25 ноември – кога ќе го напушти нашиот систем.

Планети, комети, сателити и астероиди се главни составни делови на нашиот Сончев систем, се разбира секако вклучувајќи го и нашето Сонце. Астероидите се мали карпести објекти кои орбитираат околу Сонцето, каде што најмногу се концентрирани во орбити помеѓу Марс и Јупитер. Овие остатоци од раниот Сончевиот систем доаѓаат во широк спектар на големини, од оние кои мерат само неколку сантиметри до други кои мерат стотици километри. Тие немаат атмосфера и најчесто имаат неправилна форма.

астероид 1

Астероидот Диморфос беше фатен од NASA DART мисијата само две секунди пред вселенскиот брод да ја удри неговата површина на 26 септември 2022 година. Набљудувањата на астероидот пред и после ударот сугерираат дека тоа е “лабаво спакуван” објект. Кредит: NASA/JHUAPL

Астероидите кои поминуваат во рамките на 1,3 астрономски единици (една астрономска единицца е просечното растојание помеѓу Сонцето и Земјата), се нарекуваат објекти блиску до Земјата. Нивната блискост до Земјата значи дека тие можат да претставуваат потенцијална закана за Земјата. Повеќето астероиди блиску до Земјата поминуваат без опасност, но сепак се следат за идни закани. Студијата на ова семејство астероиди ни помага да го разбереме формирањето на Сончевиот систем.

Понекогаш, Земјата може да ги фати астероидите од оваа група и за краток период да ги повлече во орбита. Овие привремени фаќања можат да бидат многу краткорочни, дури и да не траат цела орбита, пред да се вратат на нивната редовна траекторија. Други астероиди, како 2006RH120, останале во орбита околу Земјата една година, додека некои биле заробени и повеќе од една година.

Овие мали мини месечеви настани се покажаа како делови од вселенски отпадок, како оној идентификуван во 2020 година, кој на крајот излезе како засилувач на ракетата од лансирањето на Surveyor 2 во 1966 година.

астероид 2

Оваа фотографија од 1964 година покажува ракета од горната фаза на Центаур пред да биде споена со засилувач на Атлас. Сличен Центаур бил користен за време на лансирањето на Surveyor 2 две години подоцна. Кредит: НАСА

Астероидот 2024 РТ5 е блиску до Земјата астероид, кој е откриен на 7 август 2024 од АТЛАС, системот за последно предупредување за астероиден удар на Земјата. Астероидот има 11 метри широчина и може да се доближи до 1 милион километри од Земјата, во орбита чија патека личи на форма на потковица. Овој сложен тип на орбита, се случува кога помал објект орбитира околу релативно поголем објект. Формата на потковица е евидентна само кога орбитата на астероидот е мапирана во однос на Сонцето и Земјата.

Динамиката на астероидот и Земјата, значи дека за период од 56 дена, односно од 29 септември до 25 ноември, 2024 РТ5 официјално ќе орбитира околу Земјата, иако е класифициран само како “привремено фатен прелет”. Сепак, ќе изведе само една орбита пред да се врати во својата вообичаена хелиоцентрична орбита. Ова нема да биде единствената средба на астероидот со Земјата, бидејќи се предвидува дека ќе се врати повторно во 2055 година.

Сепак, не се возбудувај да го видиш. Астероидот ќе биде премногу слаб за да се види со голо око, дури видикот е и надвор од опсегот на визуелниот опсег на аматерските телескопи.

Сепак, можно е искусни астрономи аматери да добијат слики од астероидот, користејќи астрономски техники за сликање.

Превод: Маца Николова

Извор: universetoday.com

Сподели.