Уран

0

Уран е седмата планета по одалеченост од Сонцето, а трета по големина. Toj спаѓа во гасните џинови и го обиколува Сонцето на растојание од 2.866.000.000 км, односно 19,15 пати подалеку од Земјата. Една негова година трае 83,83 земјини години. Околу својата оска се врти за 17 часа и 14 минути. Екваторијалниот радиус изнесува 25.559 км (малку повеќе од Нептун), а масата му е 8,6625×10^25 кг или околу 14,6 Земјини маси (малку помалку од Нептун).

Оваа слика од Уран е композиција од повеќе фотографии кои се добиени на 17 јануари 1986 од камерата на Војаџер 2.

Оваа слика од Уран е композиција од повеќе фотографии кои се добиени на 17 јануари 1986 од камерата на Војаџер 2.

Необичноста на Уран е тоа што е свртен на “страна”, т.е. оската на ротација му е навалена за дури 98 степени во однос на еклиптиката. Можното објаснување за ова се неколку последователни удари од истата насока. За време на средбата со Војаџер 2, Урановиот јужен пол бил свртен кон Сонцето. Од тоа следи дека поларните подрачја би требало да бидат потопли од екваторските што, од непознати причини, сепак не е случај.

ИНТЕРЕСНО

Уран орбитира околу Сонцето налик на буре кое се тркала.

Тој е прва откриена планета во модерно време.

Уран одбива околу 51% сончева светлина (албедо=0,51). Тој за време на просечните опозиции (кога е најблиску до Земјата) се гледа со магнитуда од околу 5,8. Бидејќи нашето око гледа објекти посветли од шеста магнитуда, Уран може да се види со голо око (но тешко може да се распознае од околните ѕвезди). Мал телескоп е доволен за малата точка да се претвори во мал диск.

Тој е првата планета која е откриена во модерно време. Го открил Вилијам Хершел за време на ситематско трагање по небото во 1781 година. После две години ги открил и двата големи сателита Титанија и Оберон, а Ласел во 1851 ги открил Ариела и Умбриела. Миранда, најмалиот од 5те големи Уранови сателити, е откриена во 1948 од страна на Куипер. Во 1977, за време на окултацијата на една ѕвезда со Уран, пратено со треперење на помрачената ѕвезда пред излегувањето од Уран, откриени се девет прстени.

Само едно летало го посетило Уран: Војаџер 2, при што открил 10 нови сателити и 2 нови прстени. Во поново време (со помош на стари фотографии од Војаџер 2 и од набљудувањата на модерните телескопи) се откриваат нови сателити.

Уран спаѓа во гасните џинови, како и Јупитер, Сатурн и Нептун. Се смета дека, како и Нептун, има мало камено јадро. На јадрото се надоврзува воден лед, метан и амонијак, кој постепено преминува во атмосферата. За разлика од останатите гасните џинови, Уран нема внатрешен извор на енергија.

Уран (како и сите џиновски тела) има диференцијална ротација (траењето на денот зависи од оддалеченоста од екваторот). Ротацијата е побрза на половите отколку на екваторот.

Атмосферата се состои главно од водород (83%) и хелиум (15%), малку метан (2%), вода и амонијак има во трагови. Метанот во атмосферата ја дава неговата боја. Таа е транспаретна и чиста до големи длабочини каде се наоѓаат облаците од смрзнат метан. Ветровите на екваторот дуваат со брзина до 50 м/с, многу поспоро од другите гасни џинови.

До денес се откриени вкупно 21 сателит. За разлика од останатите сателити кои своите имиња ги добиваат по митските ликови, урановите сателити ги добиваат имињата од делата на Шекспир и Александар Поп. Можат да се поделат во три групи. Првата група ја чинат 10 внатрешни сателити кои се многу темни и мали: Корделија, Офелија, Бјанка, Кресида, Дездемона, Јулија, Порција, Розалинда, Белинда и Пак. Другата група ја чинат петте големи сателити: Миранда, Умбриела, Ариела, Титанија и Оберон. Третата група се надворешните сателити.

Сподели.