Ерида

0

Ерида е телото кое по неговото откривање во 2005 година ги промени дефинициите за Сончевиот систем, додавајќи цела категорија на нови објекти наречени џуџести планети. Ова тело беше откриено од Мајк Браун со телескопите на Паломар опсерваторијата. Иако првичниот дијаметар на Ерида се претпоставуваше дека е околу 3000 км, сепак, со подоцнежните набљудувања се утврди дека овој транс-нептунски објект е со дијаметар од околу 2400 км, што го прави само за малку поголем од Плутон. И покрај корекциите, ова е најголемиот и најмасивниот објект помеѓу џуџестите планети. Неговата маса е околу 27% поголема од таа на Плутон, што автоматски значи дека има многу поголема густина од Плутон и претежно има карпест состав.

Ерида ќе биде поблиску до Сонцето од Плутон, но сепак, нема да биде поблиску од Нептун. Во моментов Ерида е најоддалечениот објект за кој што знаеме во Сончевиот систем. Иако има тела кои имаат поголем просечен период на револуција околу Сонцето тие во овој момент се наоѓаат поблизу до Сонцето од Ерида, која е во близина на нејзиниот афел. Инаку периодот на револуција околу Сонцето и изнесува 557 години.По долги препирки откако беше пронајдена дали треба да биде 10-тата планета (Меѓународната астрономска Унија) МАУ одлучи ова тело да го вброи во џуџестите планети во 2006, исто така променувајќи го името од првичното неофицијално Ксена во Ерида. Ерида го доби името по грчката божица на раздорот Ерида, поради големиот раздор околу класификацијата и именувањето на оваа џуџеста планета.

Орбитата на Ерида

Орбитата на Ерида

Ерида има албедо од 0.86, што е поголемо од сите познати тела во Сончевиот систем освен Енцелад. Албедото и останатите истражувања укажуваат на површина која е богата со смрзнат метан. Температурата на Ерида би варирала од 30 до 56 К (-243 до -217 степени С). Кај Ерида досега е откриен еден сателит кој е наречен по грчката божица на неправдата Дисномија, која била ќерка на Ерида.

Сподели.