Ѕвездени јата

0

Кога би можеле да патувате низ најдалечните пространства во Универзумот, најверојатно би ја загубиле трагата на поединечните ѕвезди, и би го здогледале дискот на нашата галаксија, составен воглавно од ѕвездени групации или јата. Пишувајќи за ѕвездените јата во 1930, Харлоу Шепли, астроном од универзитетот на Харвард, истакнал дека „нивните проблеми се густо проткаени со некои од најважните прашања на ѕвездените организации и еволуцијата на галаксиите“.

Истовремено, Шепли истакна дека нивното истражување штотуку почна. Никој не знаел како да ги мери нивните растојанија или да формира образец за нивното распоредување во просторот, сè до 1920. Иако некои јата како што се Плејадите (или седумте сестри) се видливи со голо око, другите се толку далеку што за нивното согледување се потребни исклучително големи телескопи. Истовремено некои се толку блиску, што го покриваат поголемиот дел од небескиот свод што ние го гледаме и се откриени во блиското минато.
Со други зборови, нашето космичко патување нè однесе до ѕвездени групации толку далеку отфрлени што како класи се откриени дури во овој век. Јатата се од огромно значење затоа што го откриваат обликот и староста на нашата галаксија.
Постојат три основни типа на ѕвездени групации т.е. јата: отворени јата, асоцијации и затворени јата.

Отворени ѕвездени јата

Ѕвездени јатаОтворените ѕвездени јата се вообичаено збиени и со неправилен облик. Тие се вообичаено составени од 100 до 1000 члена и се околу 4 до 20 парсека во пречник. Нашето Сонце е најверојатно внатре или на раб на отвореното јато со центар околу 22 парсека во насока на соѕвездието Голема мечка, повеќето од чии ѕвезди припаѓаат на истото, како што е прикажано на сликата лево.

Најпознатите јата, Хијадите и Плејадите, се оддалечени околу 42 и 127 парсеци. Околу 900 отворени јата се концетрирани по должината на Млечниот пат, укажувајќи дека лежат на рамнината на нашата галаксија.

otvoreni-zvezdeni-jata-2

Плејади (горе), познати како седумте сестри од митологијата, е отворено јато составено од млади ѕвезди со приближна старост од 80 до 150 милиони години. Јатото е оддалечено 127 парсека и има пречник од околу 2 парсека. Најсјајните ѕвезди се масивни жешки сини ѕвезди. Прашина и гасовити облаци ја загушуваат сината светлина формирајќи тивка сина прозрачна маглина.

Судејќи според големиот број отворени јата, можеме да се прашаме дали сите ѕвезди се дел од некое јато? Одговор на тоа прашање не можеме со сигурност да дадеме. Причината е што повеќето отворени јата се дезинтегрираат во индивидуални ѕвезди, и тоа во период до неколку стотици милиони години како резултат на динамички сили кои што го иницирале процесот. Во споредба со поголемиот дел од космичките животи, отворените јата се краткотрајни. Затоа не можеме точно да одредиме која ѕвезда од каде потекнува, бидејќи повеќето отворени јата толку се разбиле што веќе ѕвездите кои некогаш им припаѓале се измешале со ѕвезди од други јата.

Асоцијации

Асоцијациите се во сродство со отворените јата. Тие често имаат помалку ѕвезди, но се поголеми и имаат поразбиена структура. Некои големи асоцијации содржат и отворени јата. Тие можат да имат 10 до неколку стотици членови и пречници од околу 10 до 100 парсека. Богати се со млади ѕвезди, како што се ѕвезди од 0 и В тип (кои го гораат своето гориво пребрзо за да траат подолго) или ѕвезди Т Тауриди (кои што при формирањето на ѕвездата еволуираат кон главната секвенца (види ѕвездена еволуција) пребрзо за да опстанат подолго како ѕвезди). Асоцијациите се класифицираат како 0 асоцијации или Т асоцијации, зависно од тоа дали се доминантните ѕвезди од 0 или Б син тип на ѕвезди или варијабилни Т тауриди. Преку 1000 асоцијации се веќе каталогизирани. Поголемиот полигон во сликата ги вклучува и Т асоцијациите.

plejadiЅвезденото јато Плејади (лево), внатрешниот квадрат (оддалечено 127 парсека), и за нас поблиските се Хијадите (48 парсека) кои се со форма на буква латинично В. Најсјајната ѕвезда, „врвот” на Хијадите е црвен џин од прва магнитуда – Алдебаран. Поголемиот квадарат ги вклучува и Т асоцијаците.

Најмалите асоцијации се трансформираат во мали, ѕвездани групи како што се Трапезиум во Орионовата маглина, кој што може да биде врска помеѓу ѕвездените групации и малите јата. Како и отворените јата, и асоцијациите се од краток животен век.

Затворени (збиени, глобуларни) ѕвездени јата

Овие јата се сосема поинакви од предходните два вида. Тие се многу помасивни, погусти, посиметрични и исклучително стари. Сликата ја фокусира извонредната симетрија и компактност на групациите.

47 Tukane47 Tukane (десно), затвореното ѕвездено јато оддалечено 440 парсеци од Земјата, содржи преку милион ѕвезди.

Тие вообичаено содржат од 20000 до неколку милиони ѕвезди, иако многу од овие ѕвезди се групираат премногу блиску една до друга за да се може да се раздвојат дури и со најголемите земски телескопи, особено во централниот регион од јатото. Сликата ја покажува високата густина на сјајните ѕвезди во јадрото на 47 Tucanae, набљудувано со вселенскиот телескоп Хабл (Hubble).

Фотографијата од 47 Tukane (долу лево) го покажува јатото во ултравиолетова светлина, а направена од Хабл. Видното поле на централниот регион покрива само 11 аглови секунди или 0,2 парсеци (тоа е околу 1% од видното поле од предходната слика).

47 Tukane 2

Типичен пречник на дијаметарот е помеѓу 5 и 25 парсека. За да се замислат условите во затвореното јато, замислете си 10000 ѕвезди поставени околу Сонцето на далечина не поголема од онаа на Алфа Кентаури, нашата најблиска ѕвезда, оддалечена околу 1,3 парсеци од нас. Кога би живееле во јадрото на затворено јато, нашето ноќно небо би блескало со ѕвездена светлина 10 пати поголема од светлината на полната Месечина.

Дури и најблиските јата се илјадници парсеци далеку од нас. Тие се состојат од голем број на многу сјајни ѕвезди. Со скромен аматерски телескоп може да може да се набљудуваат голем број ѕвездени јата. Околу 150 групации се пронајдени околу нашата галаксија, и преку 200 во галаксијата Андромеда (М31). Во тридимензионалниот простор тие не се ограничени на галактичката рамнина туку се распространети во сверичен облик опкружувајки ја нашата галаксија налик на нејзини сателити. Бројот на затворени јата во рамките на галаксиите може да бидат екстремни, така на пример гигантската елиптичка галаксија М87 има преку 3000. Тие спаѓаат меѓу најстарите објекти во Млечниот пат, со проценета старост од 12-15 милијарди години.

Откривање и каталогизирање на јатата

Кога францускиот астроном Чарлс Месие каталогизирал маглини во 1781, тој вклучил и многу ѕвездени јата кои сè уште се идентифицираат со својот М број. Иронијата е таа што Месие бил ловец на комети и ја припремил неговата табела како листа на објекти кој што треба да ги избегне барајќи ги кометите. Помеѓу 1864 и 1908 каталогизирани се многу јата и тоа во Новиот генерален каталог (NGC) и Индекс каталогот (IC) и станаа познати по своите NGC и IC броеви. Сè до 1920 разликата помеѓу различните типови на јата и оддалечени галаксии не беше сфатена. Книгата на Шепли всушност беше прво авторитетно дело во кое се изучуваа јатата.

Мерење на оддалеченоста на јатата

Поради огромните растојанија помеѓу јатата, астрономите измислуваат различни, а понекогаш генијални методи за пресметување на нивните растојанија.

Паралакса. Најосновна метода за мерење на растојанијата помеѓу ѕвездите е геометриската метода на паралакса. Сегашната граница на веродостојни растојанија е околу 50 парсека но, тој лимит ќе се зголеми на неколку стотици парсека со илјадници нови астрометриски мерења од сателитот Хипарх. Јатото Хијади на околу 48 парсека е стожер во галактичката скала на далечност, не само поради неговите паралаксни мерења туку и поради тоа што растојанијето може да се измери со ред други методи, кои овозможуваат попрецизно утврдување.

Пречник на Ѕвезданата групација

Откако ќе го дознаеме линераниот пречник на некои блиски јата (во парсеци) и ако истите се споредливи, за далечните јата би можеле да претпоставиме дека имаат исти или слични пречници. Тогаш растојанијата на далечните јата се проценуваат од нивниата аголна големина (секунди на аголот) со тоа што се применува мала аголната равенка и се претпоставува дека сите јата од сличен изглед имаат и слични линерани димензи.

Сподели.