Месечина

0

Месечината е единствениот природен сателит на Земјата. Просечната оддалеченост од Земјата е 384.400 km, дијаметарот на Месечината е 3476km.

Месечината (на латински Луна), се разбира, луѓето ја познаваат уште од праисторијата. Таа е вториот најсветол објект на небото веднаш по Сонцето. Какошто Месечината орбитира околу Земјата (еднаш месечно), аголот помеѓу Земјата, Месечината и Сонцето се менува, што се манифестира месечевите мени. Времето помеѓу две последователни полни месечини е 29,5 дена (709 часа), малку различно од
периодот на ротација (мерено во однос на позадинските ѕвезди) бидејќи Земјата за тој период поминала значително растојание во својата орбита околу Сонцето.

ИНТЕРЕСНО

Месечината нема атмосфера.

Водородот од Месечината може во иднина да се користи и како ракетно гориво.

Заради својата големина и состав, Месечината понекогаш се класифицира како “планета” од земјин тип заедно со Меркур, Венера, Земја и Марс.

Мечината за прв пат беше посетена од Советското летало Луна 2 (Луна на латински Месечина) во 1959. Таа, засега, е единствениот небесен објект посетен од луѓето. Првото спуштање на вселенски брод со човечки екипаж се случи на 20ти Јули 1969, а последното декември 1972. Месечината исто така е и едниственото тело од чии примероци се вратени на Земјата. Во летото 1994, Месечината беше детално мапирана од леталото Клементина (Clementine) како и поврторно во 1999 од Лунар Проспектор (Lunar Prospector).

Гравитационите сили меѓу Земјата и Месечината предизвикуваат некои интересни ефекти. Најочигледен е плимата. Гравитационата привлечна сила на Месечината е посилна на онаа страна од Земјата што е поблизу до неа, а послаба на спротивната. Затоа Земјата, а особено океаните, бидејќи не е потполно во цврста состојба се истегнува кон Месечината. Од ашата перспектива на површината на Земјата се гледаат две испакнатини, една во насока кон Месечината и една спротивно од неа. Ефектот е многу поизразен врз океанската вода отколку врз цврстата кора, такашто испакнатините на водата се многу повисоки. Бидејќи Земјата ротира многу побрзо од Месечината при орбитирањето околу нас, испакнатините се движат околу Земјата еднаш дневно, давајќи две високи плими. (Овој модел е многу симплифициран; вистинските плими, особено близу брегот, се многу покомплицирани). Но, ни Земјата не е комлетно флуид. Земјината ротација ги носи земјините испакнатини малку пред точката директно пред Месечината. Ова значи дека силата меѓу Земјата и Месечината не е точно на линијата на нивните центри што предизвикува Земјата да забавува со својата ротација за 1,5 милисекунди на 100 години, а Месечината да се оддалечува од нас за 3,8 сантиметри годишно. (Спротивниот ефект се случува кај сателитите со необична орбита како Фобос и Тритон).

Асиметричната природа на гравирационата привлечност е исто така виновна и за синхроната ротација на Месечината (постојано е во фаза со својата орбита такашто постојатно е завртена со иста страна кон Земјата). Исто како што Земјината ротација се забавува од влијанието на Месечината, така во далечното минато месечевата ротација била забавувана од Земјата, но во овој случај ефектот бил многу појак. Кога периодот на ротација и бил толку намален да се поклопи со орбиталниот период (такашто испакнатината секогаш е завртена кон Земјата) тогаш се воспоставила стабилна состојба. Истото нешто им се случило на повеќето други сателити во Сончевиот систем. На крајот, Земјината ротација ќе биде намалена до таа мерка да се совпадне со периодот на Месечината, како што е случајот со Плутон и Харон.

Месечината изгледа малку како да се ниша (заради не сосема кружната орбита) така што неколку степени од другата страна понекогаш може да се видат, но најголемиот дел до задната страна беше сосема непознат додека Советското летало Луна 3 не ја фотографираше во 1959. (Непостои “темна страна” на Месечината, сите делови се изложени на сонце половина од времето. Некои употреби на теминот “темна страна” во минатото значеле всушност “непознатата страна”, но тоа денес повеќе не важи).

Месечината нема атмосфера. Но податоците од Клементина укажуваат дека можеби има воден мраз во некои длабоки кратери близу јужниот пол на Месечината кои се постојано во сенка. Тоа не беше потврдено од Lunar Prospector. На северниот пол со сигурност постои мраз. Ова откритие значително би ги поевтинило идното истражување на Месечината.

Месечевата кора е провечно е дебела 68 km, но варира од 0 под Mare Crisium до 107 км северно од кратерот Королев кој се наоѓа на задната страна. Под кората се наоѓа обвивка и веројатно мало јадро (едвам 340 km во радиус, а содржи само 2% од вкупната маса на Месечината). За разлика од обвивката на Земјата, месечевата обвивка е делумно течна. Чудно, центарот на маса на Месечината отстапува од геометрискиот центар за околу 2 km во насока кон Земјата. Исто така кората е потенка на страната која е завртена кон нас.

Има два примарни вида на релјеф на Месечината: многу стари планински региони изрешетани со кратери од удари на метеори и релативно малди и мазни региони наречени мориња (немаат никаква врска со течна вода, само наликуваат на мориња кога се гледаат од Земјата). Морињата (кои покриваат 16% од површината) се огромни кратери од удари на мереори кои подоцна биле преплавени со течна лава. Поголемиот дел од површината е прекриен со реголит, мешавина од ситна прашина и карпести остатоци создадени од удари на метеори. Од некои непознати причини, морињата се концентрирани на поблиската страна до нас.

Повеќето од кратерите на поблиската страна се наречени според познати научници во историјата, како Тихо, Коперник, Птоломеј… Релјефните целини на задната страна од Месечината добиле модерни имиња како Аполо, Гагарин, Королев (повеќето имиња се советски бидејќи првите фотографии од таму ги направи советското летало Луна 3). Околу јужниот пол на задната страна постојат огромни кратери, така Аиткен кој е 2250 km во дијаметар и 12 km длабок е најголемиот кратер од удар на метеор во Сончевиот систем и Ориентале е одличен пример за повеќепрстенест кратер.

Вкупно 382 kg од примероци на карпи се вратени на Земјата од Аполо и Луна мисиите. Тие овозможуваат детелно да ја запознаеме Месечината. Особено се вредни бидејќи може да се одреди од кога датираат. Дури денес, 30 години по последното слетување, научниците сеуште ги проучуваат овие вредни примероци.

Повеќето карпи на површината на Месечината се некаде од пред 4,6 до 3 милијарди години. Ова е среќно совпаѓање со најстрарите карпи на Земјата кои се одвам стари повеќе од 3 милијарди години. Затоа Месечината овозможува податоци за раната историја на Сончевиот систем кои неможеме да ги најдеме на Земјата.

Пред да се проучат примероците од Месечината, непостоел единствен став за потеклото на Месечината. Постоели три основни теории: Земјата и Месечината истовремено настанале од прамаглината од која настанал Сончевиот систем; Месечината во раната историја се одвоила од Земјата; Месечината се формирала на друго место, а подоцна била гравитациски заробена од Земјата. Ниту една од овие не се сосема точни. Новите и детални информации укажуваат на сосема нова – ударна теорија: Земјата се судрила со многу голем објект (колку Марс или поголем) и Месечината се формирала од исфрлениот материјал. Сеуште има детали на кои треба да се доработи, но оваа теорија денес е широко прифатена.

Месечината нема глобално магнетно поле. Но, некои од површинските карпи покажуваат реманентен (заостанат) магнетизам кој укажува дека можеби во минатото имало глобално магнетно поле.

Без атмосфера и без магнетно поле, површината на Месечината е директно изложена на сончевиот ветар. За време на својата историја долга 4 милијарди години, многу водородни јони од сончевиот ветар се имаат вградено во реголитот. Затоа примероците од реголит вратени од Аполо мисиите овозможуваат проучување и на сончевиот ветар. Водородот од Месечината може во иднина да се користи и како ракетно гориво.

Сподели.