Ноќта на Јуриј – светска вселенска забава

0

Човечките вселенски летови станаа реалност пред 53 години со лансирањето на ѕвонестата капсула „Восток-1“, во која се наоѓаше астронаутот Јуриј Гагарин. Тој 12-ти април Гагарин го зазема своето место во историјата како човекот преку кој човештвото за прв пат ја напушти својата колевка, макар и за кратко.

По тој повод, овој 12-ти април Скопско астрономско друштво и Kafe “LI”ве покануваат на Ноќта на Јуриј – вселенска забава која тој ден се одржува на бројни локации во светот.

20140410

Кафе „Ли“ ви нуди избор на коктели по промотивни цени, а ние ќе ви го доближиме Сончевиот систем со набљудување на планетите со телескопи!

Повелете да наздравиме за над 500 астронаути кои досега биле во орбита околу Земјата или стапнале на Месечината, но и за сите кои допрва ќе го истражат Сончевиот систем и пространствата вон него.

Сподели.