Циклус предавања на популарни астрономски теми

0

ciklus_web

Скопско астрономско друштво организира циклус предавања на популарни астрономски теми. Предавањата ќе се одржуваат секој вторник и четврток во периодот од 13-ти ноември до 2-ри декември со почеток во 20:00 часот, во барака 3 на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Предвидени се 6 предавања од различни области на астрономијата. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран, што значи дека за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе. Темите и распоредот* за предавањата се следни:

  • 13.11 – Црни дупки
  • 18.11 – За HAARP, chemtrails, знамето на Месечината и други нешта
  • 20.11 – Животот во орбита околу Земjата
  • 25.11 – Тераформирање на Марс
  • 27.11 – Роботски мисии во Сончевиот систем
  • 04.12 – Патување низ минатото со брзина на светлината

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Предавањето „Патување низ минатото со брзина на светлината“ се презакажува за 04.12, наместо да се одржи на 02.12.2014г. како што беше првично предвидено.

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари, додека блок карти за сите предавања е 500 денари.

За членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари за предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

За повеќе информации слободно пишете ни на контакт формуларот на оваа страна, на kontakt@astronomija.com.mk или јавете се на 076 439 027.

*Распоредот е подложен на промени. Сите промени ќе бидат објавени на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на САД.

Сподели.