Сеопфатен водич за црните дупки (2 од 4)

0

Дали некогаш сте се запрашале што се случува во космосот? Што се крие во универзумот зад она што не можеме да го видиме? Постојат бројни чуда кои допрва ќе ги откриеме надвор од Земјата.

Нешто за што веќе знаеме се црните дупки. Се работи за еден фасцинантен астрономски феномен. Сакате да дознаете повеќе? Тогаш продолжете со читање.

Црните дупки можат да се видат само преку посебен телесоп 

цд7

Набљудувањето на црните дупки е неизмерно тешко бидејќи тие се наоѓаат многу далеку од нас.

Но и покрај тоа, пред неколку години за прв пат видовме црна дупка.

Ваквото историско откритие немаше да биде возможно без Телескопот Хоризонт на Настани (анг. Event Horizon Telescope – EHT). Се работи за ‚мрежа од радио-телескопи’.

Во суштина, со поврзување на повеќе радио ресивери низ Земјата се креира така наречен интерферометар со големина колку планетата Земја.

Кога сите вмрежени телескопи работат истовремено и синхронизирано, се добива ист ефект како да се набљудува со еден огромен телескоп, но со многу поголема осетливост. Како резултат на зголемената осетливост, за прв пат видовме слики од црни дупки.

Со оглед на тоа дека имаме слики од црна дупка, сигурно се прашувате како изгледа таа.

Едноставно кажано, црната дупка има три слоеви: внатрешен хоризонт на настани, надворешен хоризонт на настани и сингуларност.

Областа која се наоѓа веднаш околу устата на црната дупка се вика хоризонт на настани. Невозможно е светлината да излезе од оваа област.

Исто така, доколку некоја честичка влезе во хоризонтот на настани – нема враќање назад. Таа честичка останува заглавена во црната дупка.

Се поставува прашањето за внатрешната област на црната дупка. Тука се наоѓа најголемиот дел од масата на црната дупка. Токму оваа област се нарекува сингуларност.

Покрај Телескопот Хоризонт на Настани, постојат и други начини за детектирање на црни дупки. Вообичаено астрономите ги бараат црните дупки преку зрачењето што го емитираат кога црните дупки јадат материја.

Поради гасот и прашината околу некои супермасивни црни дупки, честопати е тешко да се детектираат истите, бидејќи во тие случаи тешко се набљудува зрачењето.

Но, понекогаш можеме да набљудуваме како материјата се исфрла кон надвор од хоризонтот на настани на црната дупка, која ние ја гледаме како светла боја која се движи многу бргу

Тешко е да се види црната дупка, но со соодветниот телескоп може да се види светлата материја.

Колку се големи црните дупки?

цд8

Сигурно се прашувате колку се големи црните дупки. Како што објаснивме до сега, црните дупки можат да имаат различни големини.

Големината на црните дупки е релативен поим и може да се однесува на повеќе различни физички величини, како на пример маса или волумен.

На пример, ѕвездените црни дупки имаат маса од околу 10 до 100 пати повеќе од масата на Сонцето.

За споредба, супермасивните црни дупки, теоретски, можат да имаат милиони пати повеќе маса од Сонцето. Една ваква супермасивна црна дупка е црната дупка во центарот на нашата галаксија Млечен Пат која има 4.3 милиони пати повеќе маса од Сонцето.

Тоа е навистина многу! Дури и црните дупки со средна големина имаат маса помеѓу стотици и илјадници пати повеќе од Сонцето.

Најмалата црна дупка која нам ни е позната е наречена GRO J1655-40. Таа има тежина 5.4 пати повеќе од Сонцето и радиус од околу 16 километри.

А што уште може да се каже за големината на ѕвездените црни дупки? Големината на овие црни дупки зависи од големината на оригиналната ѕвезда. За полесно да го разбереме ова, ајде да ја разгледаме најголемата ѕвезда која ни е позната наречена R136a1.

Оваа ѕвезда тежи 315 пати повеќе од Сонцето. Доколку се формира црна дупка од оваа ѕвезда, нејзиниот радиус би изнесувал 930 километри. Но ова не е ни приближно до големините на супермасивните црни дупки.

Многу научници веруваат дека најмалите црни дупки можат да бидат мали колку и еден атом.

Да забележиме дека е возможно црните дупки можат бидат и уште помали. Сепак, со оглед на тоа дека црните дупки ја јадат материјата околу нив, тие стануваат се поголеми и поголеми.

Според Стивен Хокинг, црните дупки губат мало количество на енергија со текот на времето што може да резултира со намалување на нивната големина.

Причината позади ова тврдење на Стивен Хокинг е дека дури и во празните области во вселената, постојат мали честици.

Според законите на квантната физика, возможно е да настане некоја честичка близу некоја црна дупка. Некои од нив ќе се обидат да избегаат од црната дупка, а некои ќе бидат проголтани од црната дупка пред да изумрат.

Честичките кои ќе избегаат од црната дупка ќе се вратат во вселената. За да се овозможи ова е потребна енергија од црната дупка, поради што истата губи енергија, а како резултат на губењето енергија, црната дупка губи маса. Оваа теорија е позната како зрачењето на Хокинг.

Секако, ова не е нешто што се случува бргу. Потребни се милениуми за да се појави значително намалување на масата кај некоја црна дупка.

Дали некоја црна дупка може да ја уништи Земјата?

цд9

Еден од најголемите стравови кои луѓето ги имаат кога се во прашање црните дупки е тоа дали црните дупки можат да ја уништат планетата Земја?

За повеќето луѓе, црните дупки се нешто многу страшно што уништува сѐ околу себе.

Но, се поставува прашањето, дали ова е воопшто возможно?

Зад овој страв постои и логика бидејќи силните гравитациски сили на црната дупка вовлекуваат многу објекти во црната дупка. За среќа, шансите на некоја црна дупка да ја уништи Земјата се мали.

Исто така, не е возможно некоја црна дупка да изеде цела галаксија, па дури и ако се работи за супермасивна црна дупка. Едноставно, црните дупки не одлучуваат така наеднаш да ги јадат основните објекти од Сончевиот Систем како планетите и месечините.

Но зошто? Па сѐ се сведува на растојанието. Не постојат црни дупки доволно близу до Сончевиот Систем кои би претставувале опасност за Земјата.

Што ако црната дупка беше близу до земјата? Дури и тогаш ќе бидеме безбедни. Земјата нема наеднаш да падне во црната дупка и да престане нејзиното постоење.

Да замислиме дека Сонцето станало црна дупка. Не е возможно земјата да пропадне во ново-настанатата црна дупка бидејќи таа би ја имала истата гравитациска сила како и Сонцето.

Туку, Земјата и другите планети ќе почнат да орбитираат околу црната дупка исто како што орбитираат околу Сонцето.

Теоретски гледано, доколку орбитата на Земјата се промени значително многу, тогаш можеме да се соочиме со проблеми ако Земјата се приближи доволно близу до некоја црна дупка. Но за ова не треба премногу да се грижиме!

Превод: Теодор Ангеловски

Извор: wiredcosmos.com

Сподели.