Впечатоци од астрокамп Коњско 2017

0

астрокамп Коњско 2017

Традиционално, членовите на Скопско астрономско друштво и оваа година се собраа под исклучително темното и поволно небо на Преспанското Езеро. Кампот се одржа во Коњско, од 18-ти до 20-ти август, а беа пријавени 30-тина учесници.

астрокамп Коњско 2017

Патот до Коњско е тежок, но штом се стемни сфаќате дека вредело да се помине. Заслуги: Марина Димовска

Астрокамп Коњско 2017

Шаторот подготвен за астрономско кампување. Заслуги: Марина Димовска

Пристигнавме во петок, се сместивме и веднаш почнавме со подготовки за ноќното набљудување. Телескопите беа монтирани, фотоапаратите поставени, а очите на жедните астрономи насочени кон небото.

астрокамп Коњско 2017

Еден од основните предизвици на астрономското набљудување е правилно да се монтира телескопот, што се учи само преку пракса. Заслуги: Марина Димовска

астрокамп Коњско 2017

Дружбата е неизоставен дел од секое теренско набљудување. Некои активности се динамични и се изведуваат во група, …

астрокамп Коњско 2017

…а некои бараат многу трпение и индивидуална или работа во пар. Заслуги: Марина Димовска

астрокамп Коњско 2017

Маглината Дух (Ghost Nebula или vdB 141) е облак од меѓуѕвезден гас кој во широчина се протега на 2 светлински години и е сместена во соѕвездието Кефеј (Cepheus). Заслуги: Лука Пешиќ

астрокамп Коњско 2017

Кон што е насочен фотоапаратот на Софи? Заслуги: Марина Димовска

астрокамп Коњско 2017

Следење на патеката на ѕвездите (или star trails) е начин на фотографирање на небото со долга експозиција, така што привидното движење на ѕвездите во текот на ноќта се отсликува во вид на линии. Заслуги: Софија Спировска

Како што се развиваше вечерта, Филип спонтано нѐ собра на брегот на езерото за да ни раскажува за соѕвездијата и да нѐ научи како да ги препознаваме позначајните објекти на ноќното небо.

астрокамп Коњско 2017

Меѓу другото, научивме како да ја најдеме Андромеда, најблиската галаксија до Млечниот Пат. На оваа фотографија – мал дел од Млечниот Пат (лево кон средината), соѕвездието Касиопеа (во средината кон лево) и Андромеда (во средината, кон долната десна страна). Заслуги: Марина Димовска

Во доцните часови, кога дел од нас веќе беа во длабок сон, неколкумина среќници успеаја да видат еден прекрасен феномен – огромен метеор кој го сече ноќното небо и зад себе остава трага видлива неколку минути по случувањето. Ова, секако, беше проследено со бурни реакции на возбуда и воодушевување. Во текот на тие вечери, метеорскиот дожд Персеиди сѐ уште беше активен, па освен овој болид, успевавме да забележиме и голем број помали метеори.

астрокамп Коњско 2017

Млечниот Пат и мал метеор кој ја развеселува фотографијата. Заслуги: Софија Спировска

Првата ноќ помина ведро и исполнето, така што сите бевме задоволни од продуктивното набљудување и ги споделувавме впечатоците. Пладневните саботни часови ги поминавме во заеднички активности:

астрокамп Коњско 2017

Кај приколките, се играа карти и се тепаа муви. Заслуги: Марина Димовска

астрокамп Коњско 2017

Дел од групата го посети островот Голем Град. Заслуги: Боби Кузманоски

Какво влијание има целоноќно астрономско набљудување врз членовите на друштвото следниот ден?

астрокамп Коњско 2017

Филип. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Искра. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Виктор. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Дане. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Телескопот одмара преку ден. Заслуги: Боби Кузманоски

Двогледот собира сили за втората вечер. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Водата беше мирна и одлична за бањање. Заслуги: Марина Димовска

астрокамп Коњско 2017

Шах во попладневните часови. Заслуги: Марина Димовска

астрокамп Коњско 2017

Виолетово-розеви нијанси на зајдисонцето ја најавуваат ноќта. Заслуги: Марина Димовска

Како што доаѓаше ноќта, полека се подготвивме за ново набљудување. Ноќта започна со блага облачност, која ја замени силен ветар. Езерото се разбранува, а облаците си отидоа и им отстапија простор на ѕвездите.

астрокамп Коњско 2017

астрокамп Коњско 2017 Млечниот Пат, делумно прекриен со облаци. Заслуги: Никола Демерџиев, Марина Димовска

Видео 1: Променливото небо во насока на Млечниот Пат, во текот на ноќта. Заслуги: Горан Петров

Во текот на вечерта, со своето присуство нѐ изненадија Мартин Стојановски, нашиот претседател на Друштвото, Стојан Стојановски, професионален фотограф од Охрид, како и повеќе случајни минувачи кои со голем интерес бараа да дознаат повеќе за нашите активности и се приклучија во набљудувањето.

астрокамп Коњско 2017

Подготовки за набљудување и астрофотографија. Заслуги: Стојан Стојановски

астрокамп Коњско 2017

Центарот на астрономски случувања во Коњско, под Млечниот Пат. Заслуги: Стојан Стојановски

астрокамп Коњско 2017

Маглината Хеликс (Helix Nebula, или NGC 7293) е голема планетарна маглина сместена во соѕвездието Водолија, а се наоѓа на оддалеченост од околу 700 светлински години од нас. Заслуги: Радан Митровиќ; Обработка: Горан Петров

астрокамп Коњско 2017

Резултат на повеќевечерна работа која бара многу трпение – маглината Џиновска Лигња (Giant Squid), екстремно бледа егзотична структура која се протега на широчина од 50 светлински години, во соѕвездието Кефеј (Cepheus). Заслуги: Горан Петров

Видео 2: Многу астрономија на мал простор за кратко време. Заслуги: Стојан Стојановски

астрокамп Коњско 2017

Млада Месечина, фотографирана со телефон низ окуларот на телескопот. Заслуги: Марина Димовска

Ноќта беше невообичаено топла, во услови доволно пријатни за да се заспие под ѕвездите. Во раната зора, екстремно тенкиот срп на Месечината ја придружи сјајната Венера, навестувајќи изгрејсонце.

Не успеавме да се одмориме многу, затоа што како примерни астрономи, опремата моравме да ја спакуваме уредно како што беше и отпакувана. Сите придонесоа за успешно завршување на кампот:

астрокамп Коњско 2017

Боби, Мартин и Лука ги пакуваат телескопите. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Борче е задолжен за финансиите. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Утрински поход кон збирното место, прв дел. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Утрински поход кон збирното место, втор дел. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Утрински поход кон збирното место, трет дел. Заслуги: Боби Кузманоски

Откако се спакувавме, се собравме за да направиме неколку заеднички фотографии. Резултатите се следни:

астрокамп Коњско 2017

Заедничка фотографија бр. 1, озбилна поза. Заслуги: Боби Кузманоски

астрокамп Коњско 2017

Заедничка фотографија бр. 2, луда поза. Заслуги: Боби Кузманоски

Во секој аспект, овој астрокамп беше прекрасно искуство. Времето нѐ послужи, облаците се смилуваа и ни го отстапија прекрасното небо, а дружбата беше фантастична. Беа направени прекрасни фотографии, видовме повеќе метеори, набљудувавме низ телескоп и научивме многу. И, со цело срце го очекуваме следното лето!

астрокамп Коњско 2017

Гратис: Заедничка фотографија бр. 3, slav squat поза. Заслуги: Боби Кузманоски

Текст: Марина Димовска

Сподели.