Астрофотографија за почетници: Навлегување во астрофотографијата чекор по чекор

0

Фотографирањето на ноќното небо никогаш не било попопуларно, ниту полесно. Изборот на опрема исто така никогаш не бил подобар или со подостапни цени од тоа што е денес.Сепак, според советите од поискусни астрофотографи, препорачуваме да почнете со астрофотографија чекор по чекор.

аф 1

Чекор 1: Користете го вашиот мобилен телефон

Зачудувачки, камерите на модерните телефони се способни да дадат импресивни резултати кога се користат прикачени на трипод, во мод на работа со долга експозиција (во случај кога има малку светлина).

Дури и постарите телефони имаат доволно добри камери за да се добијат фотографии од Месечината кога се прикачени на окуларот од телескопот со соодветен адаптер.

Може да започнете со апликацијата за камера на самиот телефон, но апликации како Deep Sky Camera(за Андроид) и Night Cap(за Apple iOS) овозможуваат понапредни опции.

Фотографирањето со телефон ви дава можност да се вежбаат некои важни делови од целиот процес на астрофотографија како што е избирање на вистинскиот/добар кадар, поставување на камерата и едноставно процесирање на слика.

аф 2

Чекор 2: Користете го својот DSLR апарат на трипод

Доколку имате постар модел на DSLR или понов апарат без огледало и објектив/и со зголемување можете да го искористите апаратот така што ќе го поставите на стабилен трипод и ќе фотогографирате ноќни сцени осветлени од Месечината со кратки времиња на експозиција(под 30 секунди).

Усовршувањето на ваквиот тип на “камера на трипод” ноќна фотографија ќе ви даде непроценливо искуство во контролата и фокусирањето на камерата во ноќни услови.

Фокусирањето мора да се направи рачно со користење на гледање во живо(Live View) опцијата и да се фокусира на одредена ѕвезда со зголемување од 5 или 10 пати.

Исто така ќе добиете искуство во подесување на поставките на камерата со цел добивање на најдобри експозиции. Во ноќи со Месечина користете ги објективите коишто ги поседувате со бленда(aperture) од f/4 до f/5.6 (или поширока-f/2.8) и поставете ја камерата на ISO 400 до 1600 за експозиции од 10 до 20 секунди.

аф 3

Чекор 3: Надополнете ја опремата со подобар објектив

Фотографирањето на Млечниот Пат на темно небо без Месечина се прави со експозиции од 30 до 40 секунди на ISO 1600 до ISO 6400, но најчесто со објектив со брза бленда што најверојатно би била првата неопходна работа што треба да ја купите за астрофотографија.

Поседувањето на објектив со широк агол (12mm-24mm) и бленда f/2 до f/2.8 имаат голема примена во ноќната фотографија и добивање на добри фотографии од соѕвездија. Објективите со мануелен фокус од брендови како на пример Rokinon се многу популарни и со достапни цени.

Без разлика на тоа колку опрема ќе купите, ваквиот тип на објектив секогаш ќе ја најде својата примена во астрофотографијата.

аф 4

Чекор 4: Додајте монтажа за следење

Камера поставена на фиксен трипод го лимитира времето на експозиција од 30 до не повеќе од 40 секунди пред да се појават траги од ѕвездите како резултат на ротацијата на Земјата.

Со поставување на камерата на монтажа кој го следи движењето на ѕвездите, се овозможува она што го фотографираме (пр. Млечниот Пат) да има подолга експозиција, а ѕвездите да ја задржат вистинската форма.

Со експозиции од неколку минути на фотографија од Млечниот Пат можеме многу добро да ја видиме неговата структура и бои.

Добивањето на добри резултати подрзабира учење на тоа како да се направи polar align или т.н усеверување каде што оската на ротација ќе биде насочена кон Северниот Небесен Пол во близина на ѕвездата Северница.

На тој начин оваа монтажа или уред за следење на ѕвездите и било која камера која ќе биде поставена на неа ќе се врти прецизно следејќи ги ѕвездите од исток до запад.

Со користење на телефотографски објективи може да почнете со фотографирање на објекти од длабокото небо(deep-sky objects).

 

аф 5

Чекор 5: Фотографирајте ја Месечината низ телескоп

Иако најверојатно сакате веднаш да се насочите кон фотографирање со долги експозиции на објекти како галаксијата Андромеда преку вашиот телескоп, најпрво обидете се да ја фотографирате Месечината со вашиот DSLR апарат или апарат без огледало.

Прикачувањето на телото на камерата (без објектив) на вашиот телескоп се прави со помош на т.н T-Ring адаптер и T-Ring дел кој одговара на брендот/моделот на вашата камера.

Месечината е сјајна, па затоа се фотографира со кратки времиња на експозиција под 1 секунда. Така таа може да се фотографира низ било кој телескоп на било која монтажа.

Фотографирањето на Месечината овозможува пракса во фокусирање и кадрирање низ телескоп, што не секогаш е лесна задача.

аф 6

Големиот чекор 6: Фотографирање на објекти од длабоко небо

Ова е тоа од каде што многу ентузијатични астрофотографи сакаат да почнат, но воедно е огромен чекор.

Добивањето на колоритните фотографии кои често ги привлекуваат новите астрофотографи доаѓа со многу предуслови меѓу кои и поседување на специјализирана опрема-монтажи и телескопи како и многу додатоци чијашто сума достигнува неколку илјади долари.

Превод: Моника Тодевска

Извор: all-startelescope.com

Сподели.