Како еволуирала теоријата за еволуција на Дарвин

0

Черепите и коските на изумрените цицачи кои Дарвин ги нашол во Јужна Америка се најславниот дел од неговата потрага по фосили, не само за него туку и за оние кои со нетрпение ги очекувале неговите пратки дома. Овие фосили го направиле широко познат.

Кога првата пратка на фосили стигнала на Кралскиот Колеџ за Хирурзи во 1833, збунетиот куратор, Вилијам Клифт, ги завел како фосили од г-дин. Дарвин од Рио де ла Плата. После само неколку месеци кога фосилите биле изложени во Кембриџ пријателот на Дарвин, Фредерик Вилијам Хоуп, му пишал велејки – „Твоето име е во сечија уста“. Уште побитно овие фосили од цицачи се еден од двата главни фактора според Дарвин кои го натерале да ја прифати реалноста на еволуцијата.

Најкомплетниот фосил на цицач откриен од Дарвин е скоро целосниот скелет кој подоцна Ричард Овен, професор на Кралскиот Колеџ за Хирурзи кој ги опишал и именувал фосилите од Дарвин, препознал дека припаѓа на нов вид земјен мрзливец. Фосилните остатоци биле пронајдени на плажата делумно закопани во песок по што Дарвин заклучил дека целата маса паднала од висока карпа.

Скелетот бил составен од черепот, ‘рбетниот столб, ребрата и коските на екстремитетите сосе канџите – сите скоро во нивните соодветни позиции вклучувајки ги и надколениците. Ова значајно откритие било прво забележано од Дарвин на 1 Септември 1833 и мора да било направено за време на втората фаза на собирање кај Пунта Алта, Аргентина претходната недела.

Земјениот мрзливец, Scelidotherium, со долго и ниско тело и муцка. Во скоро време се смета дека овој вид копал тунели. Заслуги: Смитсониан Книги

Дарвин брзо ја препознал значајноста на откритието на целосен скелет. Додека поединичните коски можеби биле донесени со вода на површината од порани депозити или паднале од некаде повисоко, целосниот скелет заглавен во песокот демонстрира со сигурност дека животното пред својата смрт било современик на древниот депозит во кој било најдено. „Gran Bestia (голем ѕвер) – се е безмислица“ изјавува во своите записи цитирајки локална легенда бидејки јасно било дека остатоците се древни, а не припаѓаат на некое мистериозно суштество кое сеуште се движи по Пампасите (низините).

Тој и пишал на својата сестра Каролина дека открил скелет на животно за кое – „мислам дека нема живи роднини на светот“. Подоцна се прашувал дали можеби е истиот вид како животното Mylodon darwinii чии четири заби на долната вилица ги илустрирал претходно. При детална споредба Овен потврдил дека сепак станува збор за различен род кој бил помал и со поиздолжен череп, нарекувајки го Scelidothernium Leptocephalum.

Друг вид на мрзливец откриен од Дарвин бил пронајден во ноември 1833 за време на неговата двонеделна екскурзија низ денешен Уругвај. Фосилот бил дел од задниот дел на череп на вид наречен Glossotherium од Овен. Откритието било направено во истиот поток, Саранди, каде бил исто така откриен и поголем, покомплетен череп на познатиот цицач Toxodon. Не е целосно јасно дали сам Дарвин го открил примерокот од Glossotherium во потокот или го добил од пронаоѓачот заедно со примерокот од Toxodon, иако е поверојатно дека сам го направил откритието. Во секој случај примерокот кој Дарвин го опишал како „дел од животно поголемо од коњ“ е значајно поради својата одлична состојба на сочуваност. Според Дарвин, фосилот изгледал толку свеж што било тешко да се поверува дека бил закопан со години под земјата.

“Glossotherium, третиот вид на земјен мрзливец кој бил откриен од Дарвин, именуван од Овен за неговиот долг јазик. Заслуги: Смитсониан Книги

Изгледот на самата коска освен што бил посвеж од другите фосили кои ги нашол, содржел и деликатни делови кои се вообичаено скршени кај древните остатоци како тимпаничниот дел на слепоочницата. Сочуваноста на черепот исто така го навело Овен да го пофали пронаоѓачот за грижата и посветеноста која ја имал за своите примероци.

Дарвин сакал да знае повеќе. Држејки дел од коската во пламен на шпиритусна лампа открил дека не само што гори со мал пламен туку и дека испучшта многу силен животински мирис. Тој пратил делче на Тренхам Рикс од Музејот за Економска Геологија во Лондон прашувајки колкав дел на животинска материја содржат. Тренхам Рикс извршил хемиска анализа на неколку од неговите примероци од камен и одговорот бил 7 проценти. Под ова подразбирал органска материја освен онаа од коскениот минерал. Сега знаеме дека четвртина од оригиналната содржина на протеин била задржана. Одличната состојба на зачуваност на черепот и неговиот различен изглед од останатите во Дарвиновата колекција најверојатно значи дека паднал од повисоко ниво на брегот на реката одколку остатоците од Toxodon и глиптодонт најдени во близина.

Имајки само дел од черепот на располагање, Овен бил карактеристично предпазлив и го идентификувал како едентат без да специфицира на која група и припаѓа. Големата површина за поврзување на коската што го потпира јазикот и големата дупка за нервите врзани со него го навело да реконструира сушстество со голем јазик кое го нарекол Glossotherium (јазик-ѕвер). Подоцна го напуштил ова име сметајки дека черепот припаѓа на истиот вид како и вилицата чиј сопственик предходно го именувал како Mylodon darwinii.

Сепак денес се знае дека тие всушност припаѓаат на различни животни па името на Овен било вратено за сопственикот на черепот како Glossotherium robustum. Овен сметал дека животното можеби било јадач на инсекти, кршејки термитски гнезда како мравојадот, но сега знаеме дека било хербивор во својата животна средина. Широката муцка ни кажува дека се хранело неселективно со треви и ниско-растечки билки.

Задниот дел од череп на Glossotherium, долг 20 сантиметри, пронајден од Дарвин во денешен Уругвај. Оваа слика полажува јаболчна коска (со број на спесимен) и на десно кондилусот каде што черепот се поврзува со р‘бетната коска. Заслуги: Смитсониан Книги

Во 2017 врз основа на екстрактираниот колагенски протеин од черепот на Дарвиновиот Glossotherium со радио-јаглеродно датирање била добиена старост од 12,660 год. Ова е еден од најстарите познати примероци од родот близу времето на неговото изумирање. Glossotherium robustum имал претпоставена тежина од околу 1 тон.

И покрај ова една неодамнешна претпоставка е дека Glossotherium и/или Scelidotherium граделе големи подземни живеалишта за да избегнат предатори или лоши временски услови. Неколку нишки на докази ја поддржуваат оваа идеја. Прво неколку големи „фосилни дупки“ биле откриени особено во областа околу Буенос Аирес со дијаметар од 1 метар до 1,4 метри колку што е и телесната ширина на овие видови. Второ, коските на предните екстремитети на овие животни изгледаат како да се подесени за големи моќни движења како копање. Трето, траги од канџи биле најдени во внатрешноста на некои од овие дупки, формирајки парови од вдлабнатини кои одговараат на канџите – големите втор и трет прст кај овие видови. Овие мрзливци би биле досега најголемите познати животни кои правеле дупки на овој начин. Една од фосилните дупки е повеќе од 39 метри во должина.

Дарвиновото откритие на четири рода големи земјени мрзливци на ова патување (Mylodon, Glossotherium, Scelidotherium и Megatherium) е импресивно и исто така многу среќно поради тоа што областа во која што собирал фосили била единствениот регион каде овие четри рода можело да се најдат заедно. Mylodon живеел во јужната половина на континентот, Glossotherium во северната половина а Scelidotherium во средината. Megatherium бил широко распространет, но Megatherium americanum главно бил застапен во Аргентина. Само во низините Pampas и басенот La Plata сите овие може да се сретнат заедно. Различните форми на нивните черепи, заби и екстремитети ни покажува како неколку видови можеле да коегзистираат во доцната плеистоцена користејки различни извори на храна и ресурси.

За Дарвин врската меѓу изумрените џиновски мрзливци и живите видови била еден од примерите кои го навеле да дојде до неговиот закон за наследство на типовите според кој постои врска меѓу минатите и сегашните жители на конкретен регион (во случајов Јужна Америка). Оваа повторувачка шема била еден од клучните фактори кои на крајот го убедиле во реалноста на еволуцијата.

Извор: SmithsonianMag

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.