Вака изгледа „перфектното“ човечко тело според еволуционен биолог

0

Заслуги: BBC Pictures

Ако ги погледнеме лугето како Мајкл Фелпс, Усаин Болт или Венус Вилиамс никој нема да ви замери ако помислите дека сме го достигнале максимумот како вид.

Но, сепак си имаме проблеми. Многу. Милиони години еволуција довеле до развој на некои не толку идеални карактеристики. Ја имаме способноста да одиме на две нозе и имаме поголеми мозоци од нашите роднини примати што е без сомнеж многу корисно. Но сепак и овие промени се можеби тоа што довело до намалувањето на нашиот пелвис. Резултатот е многу болно искуство при пораѓањето, за разлика од кај останатите примати кои по пораѓањето веднаш си продолжуваат со денот како ништо да не искочило од нивното тело.

Нашата способност да одиме на две нозе исто така можеби довела до болките во грбот кои го осеќаме во подоцнежните години. Со еволуцијата сме развиле ‘рбет во форма на буквата S кој не е најдобар за справување со нашата тежина. Анатомистот Брус Латимер кажа за Наука Магазин „Доколку се грижиш за него, твојот ‘рбет ќе те служи до 40тата или 50тата година. После тоа си оставен сам на себе си.“

Покрај ова имаме грла кои се наклонети кон давење, слух и вид кои за повеќето од нас нема да траат целиот живот. Па тогаш како би изгледало кога би можеле да избереме како сме еволуираме?

Анатомистот професор Алис Робертс, на нова емисија емитувана на BBC4 во Обединетото Кралство разгледа неколку животински каратеристики и одреди што би требало да украдеме за себе си за да го создадеме перфектниот суперчовек.

„Инспирирана од кучиња, мачки, цефалоподи, риби, лебеди и шимпанза моделот на Робертс има подобро срце со повеќе артерии, бели дробови кои се поефикасни, очи без слепа точка, уши што слушаат подобро, нозе кои се поефикасни и рептилска кожа која реагира брзо да ги блокира штетните ултравиолетови зраци.

Резултатот е ова, „ултимативниот“ човек, најдоброто нешто што еволуцијата или генетското инженерство би можеле да се надеваат да постигнат.


На емисијата Дали науката може да ме направи перфектен? Робертс заедно со тим од Лондонскиот научен музеј создадоа 3Д модел од нејзе користејки делови од други животни, продуцирајки суперсуштество. Телото содржи уши од лилјак и практична кенгурска торба за чување на младото.

„Се откажав од агилноста во замена за брзина кога ги променив моите нозе и ги заменив моите стапала – тоа значи дека моите шанси за качување на планина се нула. Но сепак мислам дека вредеше иако вриштев кога го видов финалниот 3Д модел од мојата креација“ вели Робертс. „Кога повторно ќе размислам не ми се допаѓа изгледот на птичјите нозе. Но веќе имајки две деца сум голем фан на кенгурската торба.“

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFLScience

Сподели.