Астрокамп Берово 2018

0

Друштвото секоја година организира астрономски камп, вообичаено во Aвгуст, во период на млада Месечина. По седум години одење на други места, пак се вративме на локација на Беровско езеро. Заради големиот број на пријавени учесници моравеме да изнајмиме два објекта. Во првиот објект, Мотел Бистра, беа поголемиот дел од учесниците, а на полјана над мотелот беа поставени и телескопи и друга опрема, додека останатите беа сместени во Вила Зора, на 100-тина метри подалеку.

Непобедлива постава. Заслуги: Боби Кузманоски

Во Бистра имавме релативно добри услови за сместување со тераса во двор каде одржувавме предавања и астро-квиз во вечерни часови. На истата тераса во текот на денот имаше многу неформални активности.

Заслуги: Боби Кузманоски

Заслуги: Боби Кузманоски

Астрокампот траеше четири дена и три ноќи. Еден ден имавме излет на водопад Скокото, во близина на Пехчево. Беше тоа една убава едночасовна прошетка во прекрасна природа. За жал, од нашата последна посета на Скокото пред седум години се забележува неодржување на претходно направените пешачки стази. Сепак, приордата е се уште убава и поред тоа што видовме две микро-хидроелектрани за чии потреби беа изградени патишта до нив. Секако, не беа изоставени и посети на познати угостителски знаменитости во Берово каде многумина од членовите уживаа во делиции од Беровскиот регион.

Заслуги: Боби Кузманоски

Заслуги: Боби Кузманоски

А сега да се вратиме на кампот и зошто тој има префикс астро. Уште по самото доаѓање во петокот се организиравме на брзина да се испразнат двете коли кои носеа опрема. Со членовите оставивме опрема во делот од дворот кој за жал беше премногу накосен и успеавме колку толку да најдеме еден мал зарамнет дел каде можевме да поставиме телескопи. Од опремата носевме еден телескоп за набљудување, 16″ Добсон и шест монтажи со фотосетапи на кој во оваа прилика би сакал посебно на секоја од нив да обрнам внимание затоа што тие го обележија овој астрокамп со исклучително добри слики и со сигурност можам, да кажам дека е направена најдобрата работа досега. Покрај овие астрофотографски постави имаше и неколку апарати на стативи кои направија неколку одлични видеа и фотографии како од целиот астрономски камп така и од метеорскиот дожд Персеиди кој оваа година не беше интензивен по број, но имаше едно десетина навистина сјајни метеори за кои вредеше да се седи целата вечер под отворено небо.

На едниот фотосетап, SkyWatcher монтажа (Adventurer), Горан Петров постави фотоапарат да слика тајмплапс фотографии со кој направи одлични видеа, заедно со уште еден апарат на статична монтажа.

Заслуги: Горан Петров

Заслуги: Горан Петров

Боби Кузманоски со неговата нова SkyWatcher ЕQ5 монтажа сликаше сите три вечери неколку објекти на ноќното небо и некои од нив можете да ги видите тука:

Маглина Лагуна. Заслуги: Боби Кузманоски

Плејадите. Заслуги: Боби Кузманоски

Јадрото на Млечниот Пат. Заслуги: Боби Кузманоски

Сатурн (горе лево), маглина Трифид (горе десно) и маглина Лагуна (доле десно). Заслуги: Боби Кузманоски

Одма до Боби бев јас на не толку нова колку ново поправена и пуштена во употреба SkyWatcher HEQ5 монтажа на која првата вечер екпериментиравме со поголем телескоп што очигледно беше грешка и потoа го ставивме помалиот и полесниот телескоп William Optics 98 рефрактор апохромат на кој го поставивме нашиот астромодифициран Canon EOS 20D. Во преостанатите две вечери успеавме да направиме две фотографии и тоа во првата вечер сликавме дел од маглина Слонова Сурла во соѕвездието Кефеј, а втората вечер ја сликавме М31 (галаксија Андромеда). Голема помош при фотографирање на овие два објекти имав од новиот член Кире Трајковски со кој заедно учевме како се работи на новата монтажа.

Маглина Слонова Сурла. Заслуги: Радан Митровиќ

Галаксија Андромеда (M31). Заслуги: Радан Митровиќ

Нa следната монтажа, Celestron CGEM, го поставивме најголемиот телескоп за астрофотографирање, Celestron C 11 Edge HD, со план да се сликаат планети и објекти од далабоко небо. За жал условите за планети не беа најдобри, па Мартин Стојановски во двете вечери сликаше неколку објекти.

Заслуги: Боби Кузманоски

Комета 21P Giacobini-Zinner. Заслуги: Мартин Стојановски

На бетонска платфома беа поставени два астрофото сетапи кои имаат најдобра опрема со астрономски камери со ладење кои се користат само за астрофотографија. Тие камери се посветени само за потреби на астрофотографија, а не за вообичаена фотографија како регуларните камери. На една монтажа беше поставен еден од најдобрите телескопи за астрофотографија, јапонски Takahashi рефрактор и Atik CCD камера. Со овој фотосетап управува Горан Петров и мети на негово снимање во овие три вечери беа маглина Пеликан во соѕвездието Лебед и маглина Меур во Касиопеа. Треба да се додаде дека овие слики се сликани со користење на филтери кои популарно се нарекуват Хаблова палета.

Маглина Пеликан. Заслуги: Горан Петров

Маглина Меур. Заслуги: Горан Петров

Метеорски рој Персеиди. Радијантот јасно е покажан преку насоките од кои потекнуваат метеорите. Заслуги: Горан Петров

Експозиција од околу 6 часа движење на небото. Заслуги: Горан Петров

И на крај, да ја претставиме и дефинитивно најдобра слика до сега која до сега некој од членовите на друштвото ја направил. Се работи за регион во соѕвездието Лебед кој е полн со Маглини. На сликата можете да ги видите маглините Северна Америка, Пеликан, Пеперутка и Кресент која е единсвена на сликата како остаток на супернова додека сите останати маглини се големи галактички облаци од гас. Сликата ја сликаше Лука Пешиќ на Celestron CGEM монтажана која беше беше поставена ZWO CEMOS камера и објектив од 135mm. Се работи за мозаик од две слики за да може да се фати цел регион како што е на сликата.

Заслуги: Лука Пешиќ

Ова беше еден од подобрите астро кампови со многу убаво дружење и уште подобри резултати на нашата работа. Сигурен сум дека некој од овие слики ќе се најдат и на нашата изложба по повод на 20ти роденден на друштвото која е планирана за некаде во декември.

Заслуги: Боби Кузманоски

Текст: Радан Митровиќ

Сподели.