Пронајдени се до сега најстарите ѕвезди во вселената

0

Астрономите веќе со децении се обидуваат да утврдат каква била Вселената пред Биг Бенгот. Поради тоа, потребно е да се знае на каков начин се обликувале првите ѕвезди и галаксии. Некои од овие одговори, некои ги бараат набљудувајќи ги галаксиите оддалечени од нас милијарди светлински години, а други пак, го следат центарот на Млечниот пат.

Набргу по Биг Бенгот, Вслената се состоела само од водород, хелиум и литиум. Сите останати елементи, кислородот кој го дишеме или калциумот во нашите коски, настанале во внатрешноста на ѕвездата кога овие станале супернови. Поради тоа, следењата се сконцентрирале на ѕвездите кои имаат голем дел од водород, а многу малку останати елементи. Таквиот хемиски состав, упатува на длабока старост на набљудуваните небесни тела.

Барајќи одговори, астрономите во близина на Млечниот пат пронајдоа девет ѕвезди кои одговараат на бараниот профил: содржат особено висок дел на водород, односно хелиум во себе, додека останатите елементи практично не постојат. Со математички симулации заклучено е дека тие исчезнале кога вселената била стара само 300 милиони години, што ги прави најстари ѕвезди до сега. Настанале пред појавата на Млечниот пат, а нашата галаксија се формирала околу нив. Станува збор за втората генерација на ѕвезди, настанати од остатоците уште од раните ѕвезди, кои станале хипернови.

Супернова 1987А – десно е ѕвезда пред експлозија

Супернова е експлозија на ѕвезди и воедно е најсилна експлозија во вселената. При тоа, се ослободува доволно енергија што суперновата со својот сјај го засенува остатокот од галаксијата. Суперновата има клучна улога во дистрибуцијата на материја во вселената. Кога ѕвездата експлодира, нејзините остатоци се шират со огромна брзина и на голема оддалеченост. Тие остатоци се основа за формирање на нови ѕвезди, планети и сите останати вселенски објекти.

За некоја ѕвезда да стане супернова, таа мора да биде особено масивна, најмалку осум пати помасивна од Сонцето. Според проценките, во нашата галаксија таа се појавува три пати во текот на еден век. Во минатото, таквите појави имале значајно влијание на Земјата – големото изумирање од пред 450 милиони години при преминот од Ордовиција во Силур, најверојатно поттикнато од супернова.

Хипернова е експлозија на ѕвезда при што се ослободува пет, па дури и до пеесет пати повеќе енергија отколку при експлозија на вообичаена супернова. Сјајот на хиперновата е дури и до 20 пати поинтензивен од сјајот на суперновата.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Eureka Alert/NASA/Wikipediа

Сподели.