Паралелните универзуми реагираат и влијаат на нашиот Универзум?

0

Концептот на паралелни универзуми е прикажан често во научна фантастика, без вистински докази дека тие всушност постојат. Хауард Вајсман од Универзитетот Грифит во Австралија го предводеше тимот кој верува дека квантната теорија овозможува повеќе верзии на нашиот Универзум да постојат и да се преклопуваат, па дури и да комуницираат една со друга на квантно ниво. Мајкл Хол е главен автор на статијата која беше објавена во списанието Physical Review X.

Проучувањето нијанси на квантната теорија може да стане незгодно, бидејќи нештата се однесуваат спротивно на она што би се очекувало од нормалната материја. Квантна состојба на системот се верува дека истовремено постои во сите можни конфигурации сè додека набљудувачот не ја присили да заземе една состојба.

Во средината на 20-от век теоријата на „многу светови“ прва спекулираше дека повеќе верзии на реалноста потекнуваат една од друга, но како посебни субјекти кои постојат во дискретни места, без никаква интеракција. Оваа нова теорија укажува дека сите овие бескрајни повеќекратни светови се преклопуваат и го окупираат истиот регион на време и простор истовремено, исто како квантната состојба.

„Сите можности затоа се реализирани – во некои универзуми астероидот кој ги уби диносаурусите ја промаши Земјата. Во други, Австралија беше колонизирана од страна на Португалците“ изјави Вајсман во соопштението. „Меѓутоа, критичарите се сомневаат во реалноста на овие други универзуми, бидејќи тие воопшто не влијаат на нашиот Универзум. На овој резултат, нашиот „Многу интеракциски светови“ пристапува сосема поинаку, како што и самото име наведува.“

Под ова ново толкување, некои светови во паралелните универзуми ќе биде речиси идентични. Во други, „Ефектот на пеперутка (Butterfly Effect)“ е одговорен за сосема различни исходи. Секој универзум е подеднакво реален, но тоа не значи дека еден универзум е вистинскиот, додека другите се бизарни копии или помалку значајни на било кој начин. Вајсман, исто така верува дека квантните сили одговорни за оваа заедничка егзистенција се одговорни за предизвикување квантни интеракции меѓу световите. Сличностите помеѓу световите комуницираат преку квантните сили кои влијаат на нивните исходи правејќи ги малку различни. Иако теоријата вели дека световите комуницираат еден со друг на квантно ниво, а не на повисоки размери, Вајсман верува дека теоријата не ја исклучува и таа можност.

„Убавината на нашиот пристап е дека ако има само еден свет, нашата теорија се сведува на Њутновата механика, а ако постои гигантски број на светови таа е репродукција на квантната механика. Помеѓу тоа, таа предвидува нешто ново што не е ниту Њутновата теорија, ниту пак квантната теорија“, Вајсман продолжува. „Ние исто така веруваме дека обезбедувањето на нова ментална слика за квантните ефекти ќе биде корисно во планирањето експерименти за тестирање и искористување на квантните феномени.“

Одговорите од заедниците на физичарите варираат. Лубош Мотл го опиша Вајсмановиот наслов како „безнадежно истражување и големо губење време.“ Чарлс Себенс од Универзитетот во Мичиген, од друга страна, е повеќе наклонет кон Вајсман. Со користење на различни размислувања, тој дошол до многу сличен заклучок и изјавил за списанието Природа (Nature): „Тие даваат многу убави анализи на одредени феномени како стабилните енергии и квантните тунелирања.“

Се разбира, голема пречка сега е одредувањето на тоа како идеите на Вајсман би можеле да бидат тестирани и како да се откријат квантните варијации кои укажуваат на интеракции со некој друг свет.

Превод: Боро Костевски

Извор: IFLS

Сподели.