Проблемот со новата „фундаментална теорија на физиката“ на Стивен Волфрам

0

Стивен Волфрам, информатичар, физичар и менаџер на софтверската компанија Волфрам рисрч (зад Волфрам Алфа и програмата Математика Mathematica) се појави на насловите оваа недела кога го отвори проектот Волфрам физикс проџект. Блог постот што го најави проектот објаснува дека тој и неговите соработници тврдат дека „го нашле патот кон фундаменталната теорија на физиката“, дека тие „изградиле парадигма и рамка“ и дека им треба помош за сите пресметки за да се види дали функционира. За жал, се чини дека Волфрам го користи своето богатство и влијание да се заобиколи одговорната наука.

галаксии

Галактичко јато што содржи една илјада до две галаксии. Композитна слика од Вселенските телескопи Хабл, Спицер и Чандра на НАСА.

Еве кратка историја. Апсолутно е точно дека Волфрам е паметен човек; тој има докторат од физика на честички од Калтек, што го завршил на 20 годишна возраст. Тој продолжил со проучување на компјутерски симулации на ќелиски автомати, што се основните системи од дискретни единици како пикселите на екранот, каде секоја единица се развива со време по некоја група правила во врска со единиците на опкружувањето. Играта на животот (Game of LIfe) на Џон Конвеј е можеби најпознатиот пример на ќелиски автомати, каде по секоја  наредна временска единица, пискелите се палат гасат во зависност од тоа колку многу пиксели околу него се упалени или угасени, па се создаваат комплекси облици и поведенија што потекнуваат од многу едноставни правила. Волфрам продолжи понатаму и основа успешна софтверска компанија, но во меѓувреме работеше на ќелиските автомати.Тоа доведе до неговата контроверзна, но популарна, книга од 2002 година, A New Kind of Science (Нов вид на наука), а сега и до Волфрам рисрч проџект, што е најнов обид за регрутирање на таленти по наука со цел да се изгради фундаментална теорија на унимерзумот врз основа на неговото истражување.

По децении проучување на ќелиските автомати, Волфрам заедно со други двајца физичари дојде до идејата дека фундаменталните правила на физиката се произлезени од помали, помалку значајни, правила, нешто како поголемите структури што израснуваат од прости чекори во ќелиските автомати што тој ги истражувал. Во основа, тоа е тврдење дека универзумот функционира врз мало множество правила, како што функционира компјутерот, од што се појавува поголема комплексност. Сега, екипата е централизирано впрегната за развој на нивната теорија во нешто поголемо со верификација на хипотезите.

Тие исто така ги објавуваат своите трудови како отворени и ја повикуваат надворешната академија да научи од овој предлог, да ги потврди пресметките и да изврши симулации. Во суштина, тие ги повикуваат академиците од различни полиња да покажат дека рамката ги објаснува нивните дисциплини и дека сакаат физичарите да излезат со прогнози врз основа на рамката што може да се тестира со експерименти.

За оние од вас кој сакаат да ѕирнат во предлогот на Волфрам има 448 страници книга онлајн  https://arxiv.org/pdf/2004.08210.pdf

Но некои физичари не се возбудени од предлогот на Волфрам и велат дека само си купува влијание во полете пред да сочека пир ривју или рецензија.

„Во светот на физичарите имаме процес на евалуација на нови идеи што се нарекува пир ривју (рецензија). Да се биде богаташ не значи дека имаш картичка за слободен премин преку пир ривју – вели физичарот Чанда Прескод Веинстеин од Универзитетот на Њу Хампшир во твит изјава. „Одбивам да посветам време на некој што нема обзир на стандардите на заедницата што се очекува јас да ги почитувам. Жалам што новинарите го објавија ова, што сигурно ќе добие поголем публицитет отколку било која теорија што руши бариери на црн научник оваа година.“

Шон Керол, физичар од Калтек, твитна дека „Стивен Волфрам и соработниците предлагаат нов приод во физиката врз основа на дискретни автомати. Кул и забавно! Ама не се возбудувајте премногу, ве молам, пред убаво да го видат и други. Науката е соработка, треба време и повеќето смели идеи се погрешни.“

Критиките се рефлексија на истите што ги доби кога Волфрам ја објави својата книга. Се се сведува на тоа дека Волфрам се изолирал од научната заедница, сам си го издал делото и го промовирам  на широка јавност без да го подложи на процесот на рецензија. Затоа и многу научници не го земаат здраво за готово.

Сосема е можно Волфрам да досегнал до подлабока вистина за инивезумот. Но во моментов, тој е само уште еден физичар со идеја. Оваа идеја треба да се разгледа со скепса како и секоја друга што тврди дека го објаснува универзумот, што значи дека надоврешни експерти треба да ја проверат и таа да не содржи грешки.Секоја силна хипотеза треба да ни каже нешто ново за Вселената и нешто што е подложно на проверка. Во прашањата и одговорите на сајтот се тврди дека теоријата дава прогнози што се подложни на тест, но има и реченица која што загрижува. Во основа Волфрам тврди дека неговата идеја не може да се докаже за погрешна, „секое поединечно правило може да се докаже погрешно со несогласување со посматрањата, на пример, предвидување на честички што не постојат. Но севкупната рамка на нашите модели е нешто многу поопшто и не е директно подложно на експериментална фалсификација. Да се праша како да се фалсификува нашата рамка е слично на прашањето како да се докаже дека калкулусот- математичката анализа – не може да се биде модел на физиката. Очигледниот одговор е секако друг модел што успешно нуди фундаментална теорија на физиката и се докажува несоодветен“. Со други зборови, Волфрам вели дека единствен начин да докажеш дека е погрешен неговиот модел е да пронајдеш своја рамка што ги решава прашањата на космосот.

Една поголема слика на делото и стратегијата на објавување на Волфрам открива нееднаков начин на третман на новите научни идеи. Како мултимилионер (можда милијардер) кој е одраз на стереотипот на осамен, бел, машки гение, Волфрам е во можност да создаде убав веб сајт и да пригоди медиска покриеност со цел да го истурка својот проект напред, вон рамките во кој работат другите научници. Во меѓувреме, само минатата седмица, Националната академија на науки на САД објави студија каде покажува нерамноправна застапеност на студентите по демографија. Со други зборови, најверојатно нема да слушнете за нова „фундаментална теорија на физиката“ ако ја предложила црна жена.

Уште понатаму, работа промовира нереалистичен поглед дека науката е придвижена од некој „Ајнштајн“ што доаѓа и пишува за се со неговите идеи што ги рушат парадигмите. Така не иде – дури и делото на Алберт Ајнштајн е врз основа на неговите претходници во истражувањето во физиката и биле потребни тестирања на безброј научници од тогаш. Во случајот на Волфрам, доколку делото е точно, историјата ќе го запомни името на Волфрам за истражувањето направено заедно со многу други луѓе. Во најлош случај, безбројни саати на научничкото време е посветено на еден богат човек со мономанијакална потрага по објаснување на Вселената што личело убаво ама не функционирало. Овие ресурси можеле да се поделат на други издржани идеи.

Да сумираме, Вселената е онака каква што е, а ние ќе ја одгатнуваме, порано или подоцна или никогаш. Волфрам претстави една идеја како таа функционира, но единствената основа што ја има е дека е предложена од еден богат и познат дечко што може да ангажира ресурси за други луѓе да проверат дали работи. Но, потребно е ригорозен преглед со цел да се одреди дали предлогот е валиден и вреден – а ако научникот промовира работа пред да добие било каква рецензија, можете да се запрашате дали воопшто држи вода.

Превод: Атевиќ Алек

Извор: gizmodo.com

Сподели.