Според НАСА, мал вселенски камен удрил во веленскиот телескоп Џејмс Веб

0

Во својот нов дом далеку од Земјата, вселенскиот телескоп Џејмс Веб можеби не е толку сам како што изгледа. Вселенскиот простор кој го зафаќа телескопот не е тотален вакум, при што се случи неизбежното. Мал камен, микрометеорит, се судри со едно од огледалата на Веб.

веб а

Уметничка визија на Веб во Вселената. Заслуги: NASA-GSFC, Adriana M. Gutierrez/CI Lab

Сепак нема простор за паника. Инженерите кои го изградија телескопот се екстремно запознаени со опасностите на вселената и Веб е внимателно дизајниран да се справи со нив.

„Отсекогаш знаевме дека Веб ќе мора да се соочи со вселенската околина, која вклучува силна ултравиолетова светлина и наелектризирани честички од Сонцето, космички бранови од егзотични извори во галаксијата како и повремените удари од микрометеороиди од нашиот Сончев Систем.“ вели инженерот и заменик технички проектен менаџер Пол Геитнер од центарот за вселенски летови „Годард“ на НАСА.

„Го дизајниравме и изграивме Веб во оптички, термални, електрични и механички маргини кои овозможуваат изведување на неговата амбициозна научна мисија дури и по многу години во вселената.“

Веб зафаќа регион од 1,5 милиони километри од Земјата наречен L2. Тоа е таканаречената лагранжова точка каде гравитационата интеракција меѓу две орбитирачки тела (во случајов Земјата и Сонцето) е во баланс со центрипеталната сила на орбитата при што доаѓа до создавање на стабилен џеб каде објекти со ниска маса може да се „паркираат“ за да се намали трошокот на гориво.

Ова е многу корисно за науката, но овие региони исто така може да соберат и други работи.

Јупитер, на пример, има роеви од астероиди во својата орбита во една од двете лагранжови точки  кои ги споделува со Сонцето. Другите планети исто така имаат астероиди во своите Лагранжови точки, но помалку од Јупитер.

Не е до крај јасно колку прав има собрано во L2, но би било неодговорно да се очекува дека регионот нема воопшто.

Па, Веб беше специфично дизајниран да ги издржи бомбардирањата од честичките прав кои патуваат со екстремно големи брзини. При дизајнот на Веб биле искористени симулации, но и тест удари на примероци од огледалото со цел разбирање на ефектите на вселенската околина и обид за нивно ублажување.

веб б

Веб во позиција L2. Заслуги : NASA

Ударите може да ги поместат сегментите на огледалата, но телескопот има сензори за одредување на нивната позиција, и способност да ги подеси, со цел да се корегиаат сите потенцијални дисторции.

Контролата на мисијата од Земјата може да испрати подесувања до Веб, со цел поставување на огледалата назад каде што треба да бидат. Неговите оптички инструменти исто така може да се свртат навремено со цел избегнување на познати метеорски дождови.

Веб е изграден со широки маргини за грешка, така што физичката деградација која се очекува да се случи со тек на време нема да доведе до прерано завршување на мисијата.

Најверојатно се наоѓа во подобра позиција од Хабл, кој, во ниска орбита околу Земјата, подлежи не само на удари од микрометеорити туку и секаков вид вселенско ѓубре.

Веб в

Соларен панел оштетен од удири на микрометеориди во вселена. Заслуги: NASA

За разлика од Хабл, растојанитето до Веб значи дека техничарите нема да можат физички да го посетат за да направат поправки. (Не дека Хабл имал потреба од поправки неодамна; последната таква мисија била во 2009; и нема да има наредна.)

Микрометероидот кој удри во телескопот – некое време помеѓу 23 и 25 Мај – беше случаен настан. Ударот,сепак, беше поголем од очекуваното, што значи дека претставува можност за подобро разбирање на L2 точката, и изнаоѓање на стратегии за заштита на телескопот во иднината.

„Со изложување на огледалата на Веб кон вселената, очекувавме да видиме повремени удари од микрометероиди кои би го деградирале перформансот на телескопот со тек на време.“ вели Ли Фејнберг, менаџерот на оптичкиот телескопски елемент на Веб.

„Од лансирањето, имавме четири мерливи помали удари од страна на метероиди кој беа конзистентни со очекувањата како и овој еден кој е поголем во однос на предвидувањата. Ќе ги искористиме овие податоци за надградување на нашата анализа за перформансот со тек на времето, паралелно со развојот на операциони пристапи кои би овозможиле максимален визуелен перформанс од страна на Веб најдолго можно време низ многуте години кои претстојат.“

Првите спектроскопски слики и слики во боја од Веб се очекува да пристигнат навреме на 12 Јули 2022. Едвај чекаме.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: sciencealert.com

Сподели.