Курс по астрономија за деца 2026

0
По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца во изминатите 7 години, и годинава повторно ќе се обидеме да им ја приближиме астрономијата на децата на возраст од 6 до 12 години.

Курсот ќе започне на 27.04.2026 (понеделник) и ќе опфати 8 предавања (секој понеделник и среда), работилници и доделување на дипломи. Курсот ќе се одвива во простории на Електро факултетот-ФЕИТ (училна 122). Предавањата се со почеток во 17:45 со времетраење од 50 минути. Во случај на поголема заинтересираност, ќе се организира втора група со почеток од 18:45.

Распоред на предавања:

  • Моделирање на Сончев систем
  • Набљудување на Сонцето и Месечината (надворешна активност)
  • Прошетка низ Сончев систем (надворешна активност)
  • Моделирање на Месечината, астероиди и комети
  • Ѕвезди и совездија
  • Галаксии
  • Експерименти во астрономија
  • Доделување на дипломи

Цената на курсот е 3000 денари и во неа се вклучени: учество во интерактивни предавања, комплет опрема за сите експерименти и активности и подарок од Скопско Астрономско Друштво. Плаќањето е во готово пред почетокот на првото предавање.

За пријава, ве молиме пополнете го формуларот на следниот линк.

Напомена:

  • Бројот на учесници е ограничен и поради тоа ќе важи принцип на прв/а пријавен/а, прв/а запишан/а. Пријавувањето трае до 26.04.2026 ( Доколку се пополни бројот на пријавени, формуларот за пријавување ќе се затвори.)
  • Запишаните ќе добијат потврда од Скопско астрономско друштво и дополнителни информации по пријавувањето.
  • За распоредот на групите ќе бидете известени непосредно пред почетокот на курсот. Ќе ви се јавиме по телефон и ќе ве известиме за најважните детали околу курсот

Доколку ви се потребни дополнителни информации, пишете ни на kontaktastronomija@gmail.com или јавете се на телефон: 076/439-027 (Радан, после 12ч).

Сподели.