Курс по астрономија за деца

0
Курс по астрономија за деца

Илустрациите на постерите: Kreativni centar 2012

Скопското астрономско друштво веќе дваесетина пати има организирано курсеви за возрасни, каде долна граница за посетителите беше 12 години. Веќе некое време се јавува голем интерес од родителите на помали деца, да направиме нешто и за деца на помлада возраст. За првпат од постоењето на Друштвото, ќе се обидеме да им ја приближиме астрономијата на децата до 12 години. Идејата е да имаме неколку предавања, но и активности каде учесниците би можеле да видат разни небесни објекти низ телескопите кои ги има Друштвото. Курсот ќе почне на 6-ти јуни, а ќе заврши на 22-ри јуни.

Во план е да се набљудуваат Сонцето, Месечината и планетата Јупитер, како и неколку поинтересни ѕвездени системи. Во зависност од временските услови, ќе се одвиваат и набљудувачки активности.

Цена на курсот е 850 денари. Во цената е вклучена посета на Планетариумот, книга „Астрономија“ наменета за детска возраст, комплет материјали кои ќе се користат на работилниците.

Програмата на курсот по астрономија за деца е следна:

6-ти јуни: 19:00 ч. Планетариум и набљудување низ телескоп (доколку дозволат временските услови);

8-ми јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110: „Вселената и нашето место во неа“;

13-ти јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110: „Планетите во Сончевиот Систем“;

15-ти јуни: 19:00 ч Електро факултет, училница 110: „Колкави се нештата во Вселената?“ и правење на модел на Сончев Систем надвор од зградата на факултетот;

20-ти јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110: Работилница за изработка на очила за безбедно набљудување на Сонцето и изработка на очила за 3Д астрономски фотографии;

22-ри јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110:  Доделување на дипломи, презентација на ракетно моделарство + изненадување.

За курсот можете да се пријавите на овој линк. Доколку ви се потребни дополнителни информации, напишете на следната мејл адреса: kontakt@astronomija.mk или јавете се на телефон: 076-439-027 (Радан). Внимавајте, бројот на посетители е ограничен!

Курс по астрономија за деца

Ве очекуваме!

Сподели.