Воведен курс по астрономија 2022

0

Со почеток од 29 март 2022 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Придружете ни се, затоа што учењето го правиме забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со нашата работа и доколку сакате да ни се придружите како членови.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе ги претставиме преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 29.03.2022 (вторник). Предвидени се 10 термини, од кои два надвор од ФЕИТ: во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 28.04.2022.

Со цел запазување на потребните ковид протокили максималниот број на учесници ќе биде ограничен на 40 учесници. За да го загарантирате своето место на курсот неопходно е да го пополните следниот формулар и да уплатите за курсот (деталите за уплаќањето ќе ги најдете во формуларот). Цената на курсот е 2200 денари.

Во цената се вклучени:

  • скрипта со материјали од курсот;
  • посета на Планетариумот;
  • набљудувања со телескопи;
  • завршен тест (кој не е задолжителен);
  • диплома.

*За студентите од ФЕИТ (со приложен индекс или студентска легитимација) курсот е бесплатен, но заради запазување на квотата по завршетокот на пријавувањето ќе добијат е-пошта во која ќе биде потврдено дали се примени.

Важно: Курсот не го препорачуваме за деца под 14 години.

За повеќе информации пишете нѝ на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.

Благодарност до Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ за поддршката.

Сподели.