Курс по астрономија за деца 2023

0

По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца во изминатите 4 години, овојпат повторно ќе се обидеме да им ја приближиме астрономијата на децата на возраст од 6 до 12 години.

Курсот ќе започне на 29.05.2023 (понеделник) и ќе опфати 8 предавања (секој понеделник и среда), работилници и доделување на дипломи. Курсот ќе се одвива во простории на ФЕИТ, со исклучок на посета на Планетариум и гледање низ телескоп. Предавањата се со почеток во 18:00 со времетраење од 50 минути. Во случај на поголема заинтересираност, ќе се организира втора група со почеток од 19:00.

Распоред на предавања:

  • Посета на Планетариум при МКЦ
  • Набљудување на сонцето и сончеви дамки со специјални филтри (надворешна активност)
  • Набљудување на месечината и нејзините кратери (надворешна активност)
  • Прошетка низ Сончев систем (надворешна активност)
  • Работилница за планети (I дел) – Моделирање на карпести планети со пластелин
  • Работилница за планети (II дел) – Боење на стиропорни топки со изглед на гасовити џинови
  • Астрономски феномени низ експерименти
  • Доделување на дипломи

Цената на курсот е 2500 денари и во неа се вклучени: посета на Планетариум, учество во интерактивни предавања, комплет опрема за сите експерименти и активности и подарок од Скопско Астрономско Друштво.

За пријава, ве молиме пополнете го формуларот на следниот линк.

Напомена:

  • Бројот на учесници е ограничен и поради тоа ќе важи принцип на прв/а пријавен/а, прв/а запишан/а. Пријавувањето трае до 26.05.2023.
  • Запишаните ќе добијат потврда од Скопско астрономско друштво и дополнителни информации по пријавувањето.
  • За распоредот на групите ќе бидете известени непосредно пред почетокот на курсот.

 

Доколку ви се потребни дополнителни информации, пишете ни на kontaktastronomija@gmail.com или јавете се на телефон: 076/439-027 (Радан, после 12ч).

Сподели.