Набљудување на Сонцето како дел од курсот по астрономија за деца

0

Денешниот час од курсот по астрономија за деца се одржа во надворешни услови при што се набљудуваше Сонцето со помош на телескопи. Децата научија по некој интересен факт за нашата ѕвезда, дека е составена главно од водород кој со текот на времето се троши, но исто така и за нејзината структура и слоевите од коишто е составена. Објаснивме зошто се појавуваат дамките на Сонцето, дека имаат пониски температури во однос на останатите делови како и за нивната големина и времетраењето. Најважно од сѐ, децата научија како правилно со помош на очила и наменски филтри да го набљудуваат Сонцето и колку би имало штетно влијание од негово директно гледање.

04-01

04-02

04-04

04-05

0054-05

04-06

04-06

04-07

04-08

Фотографии: Моника Тодевска, Мартин Стојановски и Христијан Тодоровски

Сподели.