Фотографии од терен: Марс

0

20140410_mars

Maрс – прва наша добра фотографија од Црвената планета. На која може да се забележат доста од препознатливите детали како што се поларната капа (тоа е север на Марс), се забележува и импозантниот кањон Valles Marineris, вулканското плато Tharsis каде се наоѓаат најголемите кратери од вулкани на Марс и се разбира најголемиот Вулкан во Сончевиот систем Оlympus Mons.

За споредба имате фотографија од Stellarium што прикажува каква е положбата на Марс во истиот период кога е направена фотографијата.

Уште покарактеристично е што на фотографијата се забележуваат облаци (белузлавиот регион околу 1 часот) како и мали облачиња кои се наоѓаат баш кај вулканите.

Фотографи: Мартин Стојановски и Филип Парталовски

Сподели.