Мистеријата со честичките на астероидот Бену

0

Кратко по пристигањето на вселенското летало на НАСА, OSIRIS-REx, пристигна на астероидот Бену, научниот тим на мисијата направи неочекувано откритие: астероидот би можел да биде активен, односно постојано да испушта честички во вселената. Тековните испитувања на Бенну и примерок од него ќе бидат вратени на Земјата и би можеле да допринесат во решавањето на овој интригирачки феномен.

benu

Астероидот Bennu заслуги: NASA/Goddard/University of Arizona/Lockheed Martin

Тимот на OSIRIS-REx прв пат го забележа испуштањето на честички во слики направени од страна на навигациските камери на леталото, направени на 6ти јануари, една недела откако тоа ја започна својата прва орбита околу Бену. На прв поглед честичките наликувале на ѕвезди позади астероидот, но по дополнителните испитувања тимот сфатил дека астероидот исфрла материјал од неговата површина. По заклучувањето дека овие честици не ја компромитираат безбедноста на вселенското летало, мисијата се насочи кон набљудување на активноста со цел целосно да се документира истата.

Оваа анимација ги илустрира моделираните траектории на честиците кои беа исфрчени од површината на Бену на 19ти јануари

Тимот на мисијата ги објави нивните откритија во научна публикација објавена на 6ти декември. Најголемите исфрлања на честици се случиле на 6ти и 19ти јануари и на 11ти февруари и тие потекнувале од различни локации на површината на Бену. Првиот настан потекнувал од јужната хемисфера, а вториот и третиот се случиле близу до екваторот. И трите настани се одвивале во доцните попладневни часови на Бену.

Тимот открил дека откако биле исфрлени, честиците кратко орбитирале околу Бену по што повторно паднале на површината на астероидот или избегнале кон вселената. Набљудуваните чесици патувале со брзина од 3 метри во секунда и по големина биле од 2.5 до 4cm. За време на најголемиот настан на 6ти јануари биле набљудувани околу 200 честици.

Тимот истражил широк спектар на можни механизми што би можеле да предизвикаат настани за исфрлање и го намалиле списокот на три кандидати: удари на метеорити, фрактурирање на термички стрес и ослободена водена пареа.

Активноста на Бену создава поголеми можности за проучување откако ќе се соберат примероци и ќе бидт вратени на Земјата. Многу исфрлени честички се доволно мали за да бидат собрани од механизмот за земање мостри на вселенското летало, што значи дека вратениот примерок евентуално може да содржи некаков материјал што бил исфрлен и вратен на површината на Бену. Определувањето дека одредена честичка е исфрлена и вратена во Бену може да биде научен подвиг сличен на пронаоѓањето на игла во стог сено. Материјалот што ќе биде вратен на Земјата, сепак, со сигурност ќе го зголеми нашето разбирање за астероидите и начините на кои тие се и различни и слични меѓусебе, дури и покрај тоа што феноменот за исфрлање честички продолжува да биде мистерија која има потреба од дополнително проучување.

Собирањето на примероци е закажано за летото 2020 и истите ќе бидат вратени на Земјата во септември 2023.

Превод: Даница Ѓорѓевска

Извор: https://www.jpl.nasa.gov

Сподели.