Минатиот декември, научниците открија “активен„ астероид во астероидниот појас, во сендвич меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Вселенскиот камен, означен од астрономите како 6478 Gault зад себе оставал две опашки од прав – активен феномен поврзан со кометите, но многу редок кај астероидите. Додека астрономите се уште се обидуваат да ја откријат причината за активноста на Gault, тим предводен од MIT (Институтот за технологија при Масачусетс) вели дека го фатил астероидот во акт на промена на боја во блискиот инфра-црвен спектар – од црвено во сино. Ова е прв пат научниците да набљудуваат промена на боја кај астероид.
„Ова е големо изненадување“ вели Михаил Марсет, постдокторант при одделот за земјени, атмосферски и планетарни науки (EAPS) на MIT. „Мислиме дека осведочивме губиток на црвениот прав од астероидот во вселената по што сега ги гледаме долните свежи сини слоеви.“ Марсет и неговите колеги исто така потврдија дека астероидот е карпест – што докажува дека опашката иако навидум кометовидна е предизвикана од сосема друг механизам бидејки кометите се повеќе налик слободни снежни топки од мраз и прав.
„Ова е прв пат, колку што знам, да видиме карпесто тело кое емитува прав налик комета.“ вели Марсет. „ Ова значи дека најверојатно станува збор за некој механизам одговорен за емисија на прав различен од кај кометите и повеќето други активни астероиди на главниот појас.“
Марсет и колегите вклучувајки ја и Франческа ДеМео исто така од EAPS и професорот Ричард Бинзел ги објавија своите резултати во Писмата на астрофизичкиот журнал.
Карпа со опашки
Астрономите за прв пат го открија 6478 Gault во 1988 и го именуваа по планетарниот геолог Доналд Гаулт. До неодамна вселенскиот камен беше сметан за просечен, со ширина од приближно 4,02km орбитирајки заедно со милиони други парчиња камен и прав во внатрешниот регион на астероидниот појас на повеќе од 344 милиони km од Сонцето. На сликите направени во јануари од различни обсерватории вклучувајки го и Хабл телескопот може да се видат две тесни кометолики опашки зад астероидот. Астрономите претпоставуваат дека подолгата опашка се протега отприлика 804,672km зад астероидот, додека помалата е четири пати пократка. Опашките мора да содржат десетици милиони килограми прав активно исфрлан од астероидиот во вселената. Но како? Ова прашање повторно го разбуди интересот во Gault и истражувањата направени од тогаш открија минати инстанци на слична активност од астероидот.
„Знаеме за отприлика милион тела меѓу Марс и Јупитер, од кои можеби околу 20 се активни, во астероидниот појас“ вели Марсет. „Ова е многу ретко.“ Тој и неговите колеги се приклучија на потрагата по одговори во март кога добија време со „Инфрацрвениот телескопски објект“ на НАСА (IRTF) на Мауна Кеа, Хаваи. Тие го набљудуваа астероидот во период од две ноќи користејки високо прецизен спектрограф за да ја раздвојат светлината од астероидот во различни фрекфренции или бои чиишто релативни интензитети го откриваат составот на еден објект. Од нивната анализа, тимот заклучи дека површината на астероидот е воглавно составена од силикат – сув, карпест материјал налик повеќето други астероиди и уште поважно многу различен од повеќето комети.
Кометите типично доаѓаат од далечните студени краеви на Сончевиот Систем. Кога му се приближуваат на Сонцето површинскиот мраз инстантно сублимира создавајки ја карактеристичната опашка на кометите. Бидејки тимот на Марсет откри дека 6478 Gault е суво карпесто тело ова значи дека најверојатно генерира опашки од прав со некој друг активен механизам.
Свежа промена
Додека тимот го набљудуваше астероидот открија дека каменот ја менува својата боја во блиската инфра-црвена област од црвено кон сино. „Никогаш не сме виделе толку драматична промена како оваа за толку краток период“ вели коавторката ДеМео. Научниците велат дека најверојатно гледаат како површинскиот прав на астероидот постанат црвен од милиони години изложеност на Сонцето како бидува исфрлен во вселената откривајки ја свежата помалку озрачена површина под него.
„Со отстранување дури и на многу тенок слој може да се види промена во спектарот“ вели ДеМео. „Може да е тенок колку еден слој зрна длабок само неколку микрони“. Што би можело да е причината да астероидот промени боја? Тимот и други групи кои го проучуваат Gault 6478 веруваат дека причината за промената во бојата и кометоликата активност на астероидот се последица на ист механизам – брза ротација. Астероидот можеби се врти доволно брзо да исфрли слоеви прав од својата површина чисто заради центрифугалната сила. Истражувачите претпоставуваат дека би требало да има ротациски период од околу два часа вртејки се на секој пар часови наспроти 24 часовната ротација на Земјата.
„Околу 10% од астероидите се вртат многу брзо, што значи дека имаат ротациски период од два до три часа, најверојатно заради забрзувањето од Сонцето.“ вели Марсет.
Овој феномен се нарекува YORP или Yarkovski-O”Keefe-Radzievskii-Paddack ефект, именуван по научниците кои го откриле, и се однесува на ефектот на соларната радијација или фотоните врз мали блиски тела како астероидите. Додека астероидите ја рефлектираат поголемиот дел од радијацијата назад во вселената, дел од овие фотони се апсорбираат и се реемитуват како топлина и импулс. Ова создава мала сила која низ милиони години може да предизвика астероидот да се врти побрзо.
Астрономите го имаат набљудувано овој ефект кај неколку астероиди во минатото. За да се потврди дека сличен ефект влијае на 6478 Gault, истражувачите ќе мора да го детектираат неговото вртење преку светлосни криви – мерења на светлоста на астероидот во однос на времето. Предизвикот е во тоа да се види низ значајната опашка од прав на астероидот која може да затскрие клучни делови од светлината на астероидот.
Тимот на Марсет заедно со други групи, планира дополнително да го истражи астероидот трагајки по додатна активност кога повторно ќе стане видлив на небото. „Мислам дека трудот на групата го потврдува фактот дека астероидниот појас е навистина динамично место“ вели ДеМео. „Додека астероидните појаси кои ги гледаме на филмовите со многу меѓусебни судири се преувеличување, деифинитивно многу работи се случуваат таму во секој момент.“
Извор: www.phys.org
Превод: Максим Осман-Николов