Пентагон потврдува дека видеото со НЛО во форма на пирамида е автентично

0

Серија на нови слики и видеа од неидентификувани летечки објекти (НЛО) направени од морнарицата на САД се потврдени како автентични од страна на Пентагон. Иако голем дел од јавноста овие објекти ги нерекува НЛОа, модерниот термин кој се користи во одбранбените кругови е – неидентификуван воздушен феномен (НВФ) – нешто што разузнавачката заедница го сфаќа сериозно.

Додека НЛОата се стигматизирана тема која се поврзува со теории на заговор и популарната култура, фактот е дека НВФата, често нарекувани и аномални воздушни возила (АВВ), се многу вистински. Станува збор за документирани набљудувања на феномени кои не можат лесно да ги објаснат ниту воените, ниту научните набљудувачи.

нло

Заслуги: Jeremy Corbell/YouTube

Помеѓу новите набљудувања прибавени од страна на режисерот Џереми Корбел и репортерот Џорџ Кнап може да се видат снимки од мистериозни пирамидални летала видени на небото како и слики од три други чудни објекти, од кои една била споделена онлајјн минатата година.

Иако никој не знае што представуваат овие енигматични визии со сигурност, Пентагон потврди дека сликите се вистински и направени од страна на морнарицата на САД.

„Можам да потврдам дека сликите и видеата се направени од пресоналот на морнарицата“ вели портпаролот на Пентагон, Сузан Гуг во изјава пратена до повеќе медиуми. „Единицата за неидентификувани воздушни феномени ги зема предвид и овие инциденти во своите истражувања“

Додека Пентагон ја потврдува автентичноста на овие слики, министерството за одбрана на САД нема разјаснето ништо повеќе од тоа. За сега тие остануваат тивки околку резултатите од истражувањата на овие објекти.

„Како што имаме кажано и предходно, со цел да одржиме оперативна безбедност и да избегнеме откривање на информации кои може да бидат корисни за потенцијалните непријатели, министерството за одбрана не ги дискутира јавно деталите ниту околу набљудувањата, ниту околу истражувањата на пријавените инкурзии (ненадејни влез, препад) во нашиот воздушен простор и региони за тренинг, вклучувајќи ги и оние од катеогријата на НВФ“ вели Гог.

Благодарение на Корбел и Кнап, може да се дознаат повеќе детали за овие набљудувања вклучувајќи и детали презентирани на серија тајни разузнавачки брифинзи од Мај 2020 од страна на „единицата за неидентификувани воздушни феномени“ со цел едукација на одбранбениот персонал за оваа пробелматика.

На брифинзите биле презентирани детални набљдувања на „приамидални“ летала снимени од екипажот на USS Russell во близина на брегот на Сан Диего во Јули 2019.

Иако видеото од инцидентот покажвува едно од овие триаголни објекти како лебди на околу 210m над бродот, извештаите од епизодата опишуваат три вакви неидентификувани објекти кои летале во рој над бродот.

При друг инцидент, сферично летало од некој вид било набљудувано од страна на екипажот на USS Omaha пред да се нурне во океанот исчезнувајќи во водата. Документацијата на единицита сугерира дека леталото потонало но потрагите во областа од страна на подморници не успеале да го пронајдат.

Серија од повеќе набљудувања на ист ден биле направени во Март 2019 од страна на офицер за системот на оружје кај F-18 со неговата iPhone камера откривајќи три неидентификувани воздушни феномени близу морската воздушна база Океана во Вирџинија.

Објектите не биле слични еден на друг и се наречени „сферата“, „желадот“ и „металниот целепин“. Иако постојат шпекулации дека може да станува збор за балони за набљудување на временските услови тие сѐ уште се неидентификувани.

Пентагон не потврдува ништо. Како одговор на настојувањата за повеќе информации од страна на веб-страната The Black Vault  Гог одговори – „Немам повеќе информации за вас од она што веќе е споделено“.

Иако има уште многу прашања поврзани со овие неидентификувани феномени, новите информации се доказ дека министерството за одбрана на САД ги истражува неидентификуваните воздушни феномени како сериозна тема.

Корбел заедно со останатите во разузнавачката заедница се надеваат дека преку споделување на овие информации ќе поттикнат рационални и транспарентни истражувања на овие мистериозни објекти.

„Неодамнешните интеракции со НВФ ни се ставени на патот со цел, и треба да се гледа на нив како можност за идни истражувања“ вели за Корбел, постар разузнавачки офицер запознаен со брифинзите.

„Со секоја инкурзија, прелет и потенцијално спуштање секогаш било по разумно да се истражува инцидентот како НВФ, дегламуризирајќи ја НЛО стигмата кај персоналот“.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.