Баз Олдрин зборува за неговата средба со НЛО

0

Нил Армстронг и Едвин Баз Олдрин слетаа на Месечината на 20 јули 1969 г. со мисијата Аполо 11. По повод 45 годишнината од оваа мисија, Олдрин го претстави #Apolo45, YouTube канал каде секој може да ја објави својата приказна за моментот на стапнувањето на Месечината. Тој исто така дава одговор на неколку интригантни прашања, во врска со најлошиот момент од мисијата, совет за идните астрономи, порака за оние кои мислат дека слетувањето било лажирано итн.

Олдрин даде коментар на шпекулацијата дека за време на мисијата бил забележан НЛО, цитирајќи го Карл Саган: „Неверојатните тврдења бараат неверојатни докази“. Но Олдрин го раскажал и детално целиот настан за наводното НЛО, заклучувајќи дека светлото кое го видел потекнувало од еден од четирите панели кои се одвоиле од нивното летало непосредно пред настанот. Од кој од четирите панели дошла рефлектираната светлина не е познато, така да технички, се работи за НЛО.

Тој додава и дека живот речиси сигурно постои и на друго место во Космосот, па дури и во Млечниот Пат, но дека ни за момент не помислил дека за време на Аполо мисијата видел НЛО.

Олдрин зборува и за отсуството на ентузијазам во Америка за повторно одење на Месечината. За тоа јасно говори и фактот дека во шеесетите на НАСА и припаѓале 4% од буџетот, а денес само 0,5%. Интересот на јавноста е многу важен и поради други потфати за проширување на хоризонтите, како на пример одењето на Марс. Олдрин смета дека мисија за повторно одење на Месечината би требало да преземат други земји, оние кои сè уште не го направиле тоа.

На крајот Олдрин со свој совет за оние кои први ќе го посетат Марс и за првите кои ќе формираат колонија на него:
„Вие сте можеби најамбициозните и најисториските пионери кои Земјата ги дала од нејзиниот почеток. И укажана ви е голема чест да бидете првите во оваа мисија за човештвото. За крај, само уште нешто… ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ!“

За сите постари кои имаат приказна, сеќавање или слика за 20 јули 1969 г., односно историскиот момент кога човекот стапна на Месечината, уште едно потсетување дека сега можете да го споделите на #Apolo45 YouTube каналот.

Ве очекуваме!

Превод: Милан Велков

Извор: IFLS

Сподели.