Кога осветленоста на ѕвездата Бетелгез драматично опадна пред неколку месеци, некои од набљудувачите се посомневаа во неизбежна супернова – ѕвездена експлозија чие влијание може да предизвика штета на Земјата. Додека Бетелгејз се врати во својата нормална состојба, физичарите од Техничкиот Факултет во Минхен (анг. Technical University of Munich – TUM) пронајдоа докази од супернова која експлодирала близу Земјата пред околу 2,5 милиони години.
Животот на ѕвездите со маса над 10 пати од Сонцето завршува со супернова – огромна ѕвездена експлозија. Ваквите експлозии резултираат со формирање на железо, манган и други тешки елементи.
Во слоевите кора од манган стари околу 2,5 милиони години, тимот од истражувачи предводен од физичари на Техничкиот Факултет во Минхен го потврди присуството на железо-60 и манган-53
„Зголемената концентрација на манган-53 може да се смета како најдоверлив доказ дека се случила супернова,“ вели главниот автор д-р Гунтер Коршинек.
Иако блиските супернови експлозии можат да предизвикаат огромна штета на животот на Земјата, оваа супернова била доволно оддалечена. Предизвикала зголемено космичко зрачење низ период од неколку илјади години. „Сепак, ова можело да предизвика зголемено заоблачување,“ вели коавторот д-р Томас Фастерман. „Можеби постои врска со Плеистоцената епоха, периодот на Ледената Доба која започнала пред 2,6 милиони години.“
Ултра-анализа за концентрација на примеси
Типично, манганот се јавува на Земјата како манган-55. Од друга страна, манган-53 потекнува од вселенска прашина, како на пример прашината во астероидниот појас околу нашиот Сончев Систем. Прашината постојано паѓа на Земјата и понекогаш се случува да видиме големи парчиња прашина да светат како метеорити.
Новите наталожени слоеви кој се наталожуваат на морското дно ја зачувуваат концентрацијата на елементи во кората од манган и во примероците од наталожените слоеви. Користејќи спектрометрија на забрзана маса, тимот од научници детектираше железо-60 и зголемени нивоа на манган-53 во слоевите наталожени пред околу 2,5 милиони години.
„Ова е истражувачка ултра-анализа за концентрација на примеси,“ вели Коршинек. „Тука зборуваме за едвај неколку атоми. Но спектрометријата на забрзана маса е толку прецизна што ни овозможува да пресметаме дека ѕвездата која експлодирала мора да има маса околу 11 до 25 пати поголема од Сонцето.“
Исто така, истражувачите го одредија полу-животот на манган-53 преку споредба со други нуклеиди и според староста на примероците и тој изнесува 3,7 милиони години. До денес, постои само едно вакво мерење ширум светот.
Превод: Теодор Ангеловски
Извор: phys.org