Ѕвездата на Шолц замалку го промаши Сонцето

0

Ѕвездите што се туркаат низ галаксијата, не се сосема како космичка игра на билијард. Но, понекогаш тие се промашуваат и се разминуваат една со друга. Во времето кога копјата и камењата беа највисока човечка технологија, нашиот сончев систем имаше блиска средба од меѓуѕвезден вид.

Краткиот посетител беше ѕвездата на Шолц, и можеби го откинал надворечниот раб на далечниот Ортов облак на сончевиот систем пред оклу 70.000 години, носејќи го својот придружник, најверојатно кафеаво џуџе, заедно со себе.

Не е јасно дали нивното разминување беше доволно блиску за гравитационо да ги бутне објектите во Ортовиот облак, ореол од латентни комети на сончевиот систем, да паднат кон сонцето. Меѓутоа, тоа ја истакнува понекогаш заборавената реалност: на долг временски период, ѕвездите изгледаат како да летаат наоколу, како искри од камперскиот оган, повремено доаѓајќи доволно блиску едни до други за да ги нарушат облаци од комети.

Таквите блиски разминувања би можеле да имаат длабоки импликации за егзопланетите, планети кои орбитираат околу други ѕвезди, и како тие стигнале таму каде што се. Но понекогаш, тие можат да украдат една или повеќе планети од некоја ѕвезда – или обратно.

Нашиот сончев систем, можно е да биде обликуван од исти такви ѕвездени разминувања. Студија од 2018 година покажа дека орбиталните движења на некои од малите тела на нашиот сончев систем, се уште го носат отпечатокот на гравитационото разбудување на Шолц. И некои објекти во Кујперовиот појас, колекцијата на карпести и ледени тела позади орбитата на Нептун, би можеле да бидат украдени од друга ѕвезда многу порано, всушност, веднаш по раѓањето на нашето Сонце. Пазминувањето Шолц би можело да биде само последно во серијата.

Откривањето на нашата блиска средба со други ѕвезди беше речиси исто толку случајно колку и самиот настан. Се започна кога астрономот Ерик Мамајк, заменик научник за програмата за експлоатација на НАСА, беше професор во Рочестер Универзитет. Тој зеде годишни екскурзии до Сантијаго, Чиле, каде што направил забелешки со извонредни телескопи.

На една таква посета во 2013 година, астрономот Валентин Иванов му покажа особен резултат: новооткриената блиска ѕвезда со голема ознака (подоцна именувана по нејзиниот пронаоѓач, Ралф-Дитер Шолц) изгледаше речиси да стои во место. Повеќето ѕвезди се движат забележливо низ небото во текот на една година, мерено во единица наречена “лак секунди”. Но оваа ѕвезда воопшто не се движеше. Сепак, ѕвездата беше оддалечена само 22 светлосни години, сосема блиску до нас со галактички стандарди.

Мамајк знаеше дека ова може да значи само едно нешто. Или ѕвездата се движеше директно кон нас, или оддалечуваше од нас. Во овој случај, астрономите ги пронајдоа резултатите применувајќи ја доплеровата промена на ѕвездата –  црвена светлината ако ѕвездата се оддалечува, или промена кон сина ако се движи кон нас.

“Се оддалечуваше од нас со 80 километри во секунда”, рече Мамајк. И не му требаше долго време за да открие. “За помалку од 15 минути сфативме дека оваа ѕвезда се разминала пред помалку од една светлосна година со Сончевиот систем, пред 70 или 80 илјади години”, рече тој.

Најблиските ѕвезди до нашето Сонце денес се трите во Алфа Кентаури, околу четири светлосни години оддалечени од нас. Но, ако има ѕвезда од една светлосна година оддалечена од нас, тоа многу добро би можело да се приближи или да го пресече најоддалечениот раб на Ортовиот Облак.

Мамајк смета дека ѕвездата на Шолц, сега позната како ѕвезда што дојде најблизу до нашиот сончев систем, може да ја изгуби таа титула. Исклучително прецизните податоци од “Гаиа” на Европската вселенска агенција, најверојатно, ќе откриваат повеќе вакви блиски разминувања, можеби и поблиски. Во иднина ќе има уште еден ваков случај со ѕвезда позната како GJ 710, кое ќе се случи за околу 1,3 милиони години.

Засега, сепак, ѕвездата на Шолц ја задржува својата награда.И дали луѓето во минатото би можеле да ја забележат оваа ѕвезда? Не е веројатно.Ѕвездата на Шолц е црвено џуџе, најмалиот и најслабиот вид на ѕвезда што ја знаеме. Дури и во најблиската точка, околу 55.000 астрономски единици од нашето Сонце (околу 8.2 трилиони километри), ѕвездата на Шолц би била премала за да може да се види со голо око.

Сепак, постои можност овој посетител да бил виден. Познато е дека црвените џуџиња периодично испуштаат екстремно светли пламени.Ако ѕвездата ги испуштала овие пламени додека се разминувала со нашиот Сончев систем, веројатно ја виделе.

Превод: Лазар Динев

Линк: exoplanets.nasa.gov

Сподели.