Вселенска мисија на астероид од чист метал

0

Постои една метална топка, која се вика Психе (16 Psyche). Taa e всушност, метален астероид со дијаметар од 250 киломретри и е најголемиот познат објект од тип М. Се верува дека Психе се состои од 90% железо и никел, а остатокот е од силикатни карпи.

Вселенска мисија на астероид од чист метал

Евтина мисија за проучување на металниот свет: 16 Psyche (space.com)

Како една метална топка успеа да се најде во орбита околу Сонцето? Најверојатно објектот не се формирал со такви карактеристики. Психе најверојатно била соголено јадро од некој древен астероид, со големи димензии, кој бил распарчен во текот на еден или повеќе судири пред повеќе милијарди години. Најпопуларната теорија која го објаснува неговото создавање е дека имало судир со два различни астероиди, кои го раздвоиле на кора, обвивка и јадро, од кои еден бил најверојатно со големина на Веста. На таков начин, Психе би можела да претставува клуч за разбирање на насилното опкружување на примордијалниот Сончев систем.

Психе во споредба со други астероиди. Таа е всушност, десетти астероид по големина во астероидниот појас и има елипсоиден облик. Има дијаметар од 250 км. и претставува 1% од масата на целиот појас.

Психе е можеби клучот за разбирање на создавањето на планетата и останатите тела од Сончевиот систем (НАСА).

Бидејќи се наоѓа во главниот астероиден појас, вселенски брод опремен со електричен погонски систем (СЕП), сличен на оној на сондата на НАСА – „Зора“ (Dawn), лесно би можел да ја истражува Психе. Со тежина од само 800 кг. сондата би можела да биде лансирана во 2021 г. со ракетата „Фалкон 9 в1.1“. Со помош на јонските лсенонски мотори, сондата до целта би патувала околу 2.5 години и би влегла во неговата орбита. Би носела 440 кг. ксенон и 40 кг. хидразинско гориво, би превезувала 35 кг. различни научни инструменти и опрема. Ако Психе е навистина јадро од некој голем објект, мисијата би го проучила преминувањето помеѓу јадрото и плаштот на едно сложено небесно тело, како и обидите да утврди дали зацврснувањето почнало од внатре кон надвор или обратно. Исто така, може да биде појасно дали оригиналниот астероид, прото-Психе, имал магнетно динамо во времето кога јадрото било течно како резултат на топлината настаната со распаѓањето на радиоактивните изотопи (особено алуминиумот – 27). Можно е остатоците на Психе веќе да се наоѓаат на Земјата во облик на железни метеорити.

Можната траекторија која ќе овозможи проучување на Психе со помош на сонда на јонски погон. (НАСА)

Идејата да се испита Психе не е нова. Постоела идеја, мисијата „Инсајдер“ на Европската вселенска агенција (ЕСА) да го истражува овој таинствен астероид, но не била одобрена.

Тимот научници од Калифорниската филијала ЈПЛ на НАСА, веќе некое време се обидува да се испрати една сонда погодна за ваква мисија, но нивниот проект дури од неодамна го сврте вниманието на медиумите. Поради тоа, овој проект се смета како можен кандидат за следна евтина мисија на НАСА, од класата „Дискавери“.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.