Воведен курс по астрономија

0

По 20-ти пат Скопско астрономско друштво организира „Воведен курс по астрономија“. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе ги претставиме преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Poster_webПредавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 14.03.2017 (вторник). Предвидени се 10 термини, од кои два во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје. Предавањата ќе завршат на 03.05.2016, по што следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за учесниците.

Цената за целокупниот курс е 1500 денари. За студентите на ФЕИТ (со приложен индекс или студентска легитимација) и членовите на Скопско астрономско друштво, цената на курсот е 1000 ден. Во цената се вклучени:

  • скрипта со материјали од курсот;
  • посета на Планетариумот;
  • набљудувања со телескопи;
  • завршен тест;
  • диплома.

Важно:

  • Курсот не го препорачуваме за деца под 12 години;
  • Претходно пријавување не е потребно. Уплатата се врши пред почетокот на првото предавање.

За повеќе информации пишете нѝ на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076/439027.

Благодарност до Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ за поддршката.

Сподели.