Вонземските патогени можат да се стигнат до земјата – а ние сме тотално неподготвени

0

Трката за комерцијални вселенски летови навистина започна, со повеќе од 85 компании и организации кои бараат иднина во меѓупланетарниот туризам. Сепак, некои истражувачи се загрижени дека се преценуваме.

Пред патувањето вон границите Земјата да стане редовен настан, светот треба да спроведе некои основни мерки за биосигурност, предупредуваат тие. Во спротивно, би можеле да почнеме да примаме непожелни посетители од вонзезмјани.

Илустрација на леталото Crew Dragon. Заслѕги: (SpaceX)

Ако некој туѓ организам успее да се врати на нашата планета со едно од нашите вселенски летала, тоа би можело да предизвика хаос на рамнотежата на Земјата.

Шансата за тоа навистина да се случи е неверојатна, особено затоа што сè уште не сме нашле живот надвор од Земјата. Но, со оглед на тоа колкава штета може да направи, тоа е реалност за која некои мислат дека треба да се подготвиме.

Поверојатното сценарио би било човечки турист да носи земски организам во вселената, а тоа е исто така значителен ризик.

Во услови слични на вселената, студиите покажаа дека некои микроби може да претрпат брзи генетски мутации. По одгледувањето на илјада генерации на ешерихија коли во услови на микро-гравитација, на пример, истражувачите открија дека штетните бактерии станале уште поконкурентни, стекнувајќи отпорност на антибиотици.

Ако тој отпорен сој потоа се донесе назад на Земјата, тоа може сериозно да го загрози човечкиот живот.

„Ризиците кои имаат мала веројатност за појава, но имаат потенцијал за екстремни последици, се во темелите на справувањето со биосигурноста“, вели биологот Фил Кеси од Универзитетот во Аделаида во Австралија.

„Затоа што кога работите тргнуваат наопаку, тие одат навистина наопаку.

Меѓународниот комитет за вселенско истражување (COSPAR) состави Панел за планетарна заштита, но ниту еден сегашен член нема експертиза во темата.

Експертите во Австралија мислат дека тоа е сериозен превид. Тие велат дека ни се потребни пософистицирани протоколи за да се спречи биолошката контаминација од вонземски средини и обратно.

„Со оглед на многуте истражувања во науката и управувањето со инвазивните видови“, пишуваат биолозите, „ние тврдиме дека поголема соработка помеѓу биолозите и астробиолозите ќе ги подобри постоечките меѓународни протоколи за планетарна биосигурност – и за Земјата и за вонземските тела што би можеле да содржи живот“.

Затоа што во моментов, се чини дека нашите протоколи за биосигурност не функционираат.

Кога израелско вселенско летало се урна на Месечината во 2019 година, испушти тардигради на површината, кои можеби се уште се живи.

Уште позагрижувачки, изолирани се бактериски соеви со знаци на екстремен отпор во „чистите простории“ на НАСА каде што вработените составуваат вселенски летала. Ако овие опасни микроби се прошлепаат во вселената, постои шанса тие да станат уште повирулентни во микрогравитацијата.

Да се ​​спречи тоа да се случи на прво место е многу полесно отколку да се обидеме да се справиме со мутирачките организми штом ќе стигнат до, да речеме, Марс.

Сепак, дури и тогаш, некои експерти мислат дека е речиси невозможно да се задржат земните микроби овде на Земјата. Секаде каде што луѓето отидоа, ние неизбежно однесовме и организми со нас.

Студијата е објавена во BioScience.

Превод: Христијан Петрески

Извор: sciencealert.com

Сподели.