Транзит на Меркур преку Сонцето

0

Во понеделник, на 11ти ноември годинава, ќе имаме можност, до колку времето биде убаво и ведро, да видиме еден редок астрономски настан, а тоа е транзитот на планетата Меркур преку дискот на Сонцето. Тој настан не се случува така често. Претходниот се случи во 2016та, а следниот ќе биде дури во 2032ра година. Транзитот може да се случи само на внатрешните планети како што се Меркур и Венера. Кај Венера имаме транзити кои се случуваат во парови на секои осум години, па потоа ги нема преку 120 години, додека кај Меркур ти се почести и во едно столетие ги има 13 или 14.

тм 2

Транзитот на Меркур снимен 2016та . Автор: Горан Петров

Од Скопје, а речиси и во цела Македонија транзитот ќе отпочне во 13:35ч, но тешко дека ќе се види нешто се додека Меркур со целиот свој диск навлезе во дискот на Сонцето, а тоа ќе биде околу 2 минути подоцна. Целиот настан ние би требало да го гледаме додека не зајде Сонцето –  околу 16:30ч. Но поради тоа што од Скопје немаме идеален хоризонт, поради зградите и планините, најверојатно ќе можеме да го гледаме транзитот до околу 16ч. До колку времето биде убаво, телескопот на Скопското Астрономско Друштво ќе биде поставен на Плоштадот Македонија.

тм 3

Транзитот на Меркур снимен 2016та. Автор: Радан Митровиќ

На истиот ден на 11ти, но и на 12ти ноември, Скопското Астрономско Друштво планира да има и две предавања во планетариум од 19 и 20ч, каде на почетокот би имале кратка презентација за транзитот на Меркур преку Сонцето, а потоа би имале интересна презентација на ноќното небо и приказни за соѕвездијата и како може да се патува низ времето и просторот користејќи ги ѕвездите и соѕвездијата.

планетариум

Сцена од предавањето во планетариум.

Повеќе информации за предавања во планетариум можете да видите тука.

Радан Митровиќ

Сподели.