Според климатските модели од НАСА, Венера во минатото била место поволно за живот

0

Можно е Венера да имала плитки водени океани и температури поволни за живот на површината во почетните 2 милијарди години од нејзиното постоење. Истражувањето е направено со помош на компјутерски модели на климата во минатото на оваа планета од страна на научниците во Институтот Годард (Goddard) на НАСА. Моделот кој се користел е сличен на оној со кој се предвидува климатската иднина на Земјата. Голем дел од алатките кои се користат за Земјините истражувања може да се применат и при проучување на други планети, како за сегашноста, така и за минатото. Според добиениете резултати најверојатно Венера била сосема поразлично место од она што го гледаме сега. Моментално, на Венера има 90 пати подебела атмосфера од нашата со јаглерод диоксид и температурите на површината се движат до 462 Целзиусови степени.

Според климатските модели од НАСА, Венера во минатото била место поволно за живот

Опсервациите укажуваат дека во далечното минато Венера најверојатно имала водени океани. Прикажаната илустрација ни покажува како според моделите изгледала планетата и како климатските бури допринеле за заштита на планетата од силните соларни зрачења со што се овозможило постоењето на животот. Заслуги: NASA

Уште одамна кружат теориите дека Венера и Земјата се формирале со сличен состав, но потоа им следувал сосема различен животен пат. Уште од мисијата Пионир од 80-тите се сугерираше дека е можно на Венера да постоел воден океан во минатото. Но, поради близината до Сонцето и огромното зрачење океанот испарил, молекулите од вода се распаднале под влијание на УВ-зраците и водородот избегал кон Вселената. Без вода на површината, потоа се формирал јаглеродниот диоксид во атмосферата.

Според некои истражувања од минатото се сметало дека климатските услови на една планета зависат од брзината на ротација. Ден на Венера овде трае 117 денови. До неодамна, се сметало дека дебела атмосфера како онаа сегашната била неопхопдна за да се постигне таа бавна ротација. Но, поновите истражувања велат дека и тенка атмосфера како нашата би можела вроди со ист резултат. Ова значи дека античката верзија на Венера со атмосфера како нашата е сосема нормален фактор кога се зема предвид брзината на ротација на Венера. Друг фактор кој влијае на климата на планетата е нејзината топографија. Според научниците, Венера во минатото имала многу посуви површини отколку Земјата, со што се ограничува предвиденото количество на вода кое испарило и го предизвикало ефектот на стаклена градина на Венера. Овој вид на површина идеално оди во прилог на теоријата за поволни услови за живот на Венера во минатото.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: NASA

Сподели.