Што би се случило доколку пробате да стоите на Јупитер?

0

Толку сме навикнати да се замислуваме на површината на Земјата (а можеби наскоро и на Марс) што кога ќе видиме планета како Јупитер, едно од првите прашања што ми паѓа на ум е „Можеме ли да застанеме на неа?

јупитер

Јупитер во цела своја убавина. Заслуги: НАСА

Ајде за момент да ги игнорираме екстремните услови (гравитација, атмосферскиот притисок, висока температура и ветрови) што владеат на џиновската планета, и ајде да се спуштиме низ атмосферата. Она што би го виделе е спектакл како никој друг.

Длабоко под атмосферата на Јупитер се наоѓа огромен океан од течен метален водород, кој би изгледал и би се однесувал како жива, освен што водородот има 60% од густината на вода. Значи, ќе мора да потонете десетици илјади километри за да стигнете до жешко, стопено, карпесто јадро што можеби е цврсто.

Внатрешноста на Јупитер не е прецизно мапирана – тоа е една од научните цели на мисијата Јунона (Juno), кој штотуку стигна до Јупитер. Сондата ќе користи прецизни гравитациони и електромагнетни мерења за да го мапира она што се случува под облаците на Јупитер.

Знам дека одговорот досега не е навистина задоволувачки, па да го баталиме преправањето на волшебен набљудувач и да се нурнеме во Јупитер со сегашните технологии.

Јупитер е навистина топол, горниот дел од неговата атмосфера е околу 630°C. Како потонуваме подлабоко во атмосферата, температурата брзо опаѓа со зголемувањето на притисокот и брзината на ветерот. После она што се случи со леталото Галилео, кој нурна во Јупитер во 1995 година, работите започнуваат да одат лошо за електрониката, 58 минути во нашето истражување и 156 километри во атмосферата. За Галилео, оваа комбинација на притисок (23 атмосфери) и температура (153 ° C) се покажа како смртоносна.

Поминаа 20 годиниод тој настан, па да продолжиме надолу. На 500 километри, видливоста е скоро нула, и густите облаци од амонијак се вртат насекаде околу нас, со брзина од околу 100 метри во секунда.

Под облаците од амонијак, има облаци од вода и посложени атмосферски појави кои се надеваме дека Јунона ќе ги разјасни. Досега, нашите остатоци сега ќе патуваат до слој на суперкритична водородна течност – нешто што не е баш гас, но не е ни течност.

По околу 2,5 часа истражување, ќе го стигнеме до течниот метален водороден океан. Тешките елементи може да стигнат до центарот по многу повеќе часови паѓање. Не можеме точно да застанете на овој океан. Но, под овој океан, се смета дека Јупитер навистина можеби има карпесто јадро, слично на внатрешните планети. Јунона ќе помогне да се одговори на ова прашање за време на својата мисија.

Јупитер има најголем дел од планетарната маса на Сончевиот систем и лесно може да ги собере сите други планети во нејзината внатрешност. И со причина тој е планетарниот крал на Сончевиот систем.

Превод: Христијан Петрески

Извор: iflscience.com

Сподели.