Што би се случило ако темната страна на Месечината е свртена кон Земјата?

0

Месечината го одржува своето познато лице насочено кон Земјата. Но, Месечината има и друга стабилна позиција – нејзиното далечно лице насочено кон нашата планета. Во сегашно време, има мали влијанија што ја исфрлаат Месечината од совршена ориентација. Кога тоа ќе се случи, таа осцилира околу својата стабилна ориентација на два начина:  се лула напред и назад во правец исток-запад, осцилација која  трае 1.056 дена или 2.9 години; или нестабилни осцилации, предизвикувајќи 75-годишно лулање. Половите на Земјата  доживуваат сличен ефект наречен Чандлерово лулање.

mesec

Кинеското вселенско летало Chang’e 5-T1 ја врати оваа слика од Земјата и темната страна на Месечината како дел од инженерското тест-патување за идна мисија за враќање на примероци од Месечината. Кинеска Национална Вселенска Администрација

Месечината исто така доживува плимско изобличување од гравитационото влијание на Земјата. Големи судири што формираат кратери можеби ја смениле ориентацијата на Месечината рано во текот на нејзиниот живот. Тие би ја занишале Месечината сè додека триењето не го придуши движењето. Овие судири се случиле кога Месечината била многу поблиску до Земјата.

Најочигледен ефект би бил ротација од 180 °: за време на Полна месечина ќе ги гледаме посветлите далечни висорамнини од другата страна на Месечината. Тоа ќе предизвика Месечината да биде посветла за 30%, иако е нејасно е колку ова би влијаело на склоноста на кучињата да завиваат на Месечината. Дали ова ќе има значителен ефект врз енергетскиот буџет на Земјата? Не можам прецизно да кажам, но Полната Месечина е светла колку два милионити дел од Сонцето и е видлива само дел од месецот, така што ефектот сигурно би бил помалку од еден милионити дел од светлината на Сонцето. Спротивно на некои извештаи, Месечината не е значителен извор на осветлување (околу еден лукс, наспроти 50 до 500 лукс за внатрешно осветлување), но е подобро од ништо за време на бербата.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: astronomy.com

Сподели.