Школа по астрономија на ПМФ за ученици и студенти

0

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 27 и 28 март (петок и сабота) 2015, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XVII Зимска школа по астрономија. Регистрацијата на учесниците е во 9.30 часот. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. Во склоп на Школата на 28 март за учениците кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот по астрономија нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.

Школа по астрономија на ПМФ за ученици и студенти

Предавање од зимската школа по астрономија одржана минатата година.

Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 16 до 20 март 2015 задолжително треба да го пријават учеството на Школата (или и на Натпреварот). Потребни податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, e-mail адреса, на следнава веб адреса: http://astronomija.org/. Списокот со прифатените учесници ќе биде истакнат на 22 март на истата адреса.

За дополнителни информации јавете се на следниве телефони Гордана Апостоловска тел. 02 3249874, e-mail: gordanaa@on.net.mk, факс 02 3228141 или проверете на горната интернет адреса.

Котизацијата за учество на Школата ќе биде 600 денари. На натпреварот може да учествуваат само учесници на XVII Зимска школа по астрономија. Прифатените учесници на Школата (ученици и наставници) котизацијата треба да ја уплатат најдоцна до 24 март на жиро сметка на Македонското астрономско друштво:

Број на жиро-сметка на МАД 300 0000010538 44

Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753

Ако учесникот уплаќа во готово на денот на одржување на школата, цената за котизација изнесува 700 денари.

Организаторот има право да не ги прифати учениците кои ќе дојдат на Школата, а претходно не биле истакнати на Листата на прифатени учесници на Школата. Диплома за учество добиваат само наставниците кои ќе присуствуваат на Школата. Учениците не добиваат диплома за учество.

Сподели.