Предавање за Сончевиот Систем на шестиот час од курсот по астрономија за деца

0

Предавањето на овој час беше продолжение на минатиот којшто се однесуваше на нашиот Сончев Систем. Го дополнивме знаењето за планетите, природните сателити, џуџестите планети и астероидниот појас. Зборувавме за црвената планета Марс и нејзиниот специфичен рејлеф. За најголемата планета Јупитер кажавме дека е составена воглавно од водород и хелиум, но исто така и некои поинтересни факти за светлите зони и темните појаси кои ги забележуваме, како и за големата црвена дамка или ураганот кој трае неколку века. Видовме фотографија од Сатурн кој со своите јасно видливи прстени претставува еден од најинтересните објекти за набљудување. Научивме и дека Сатурн има голема брзина на ротација и помала густина од водата. На крај зборувавме и за Уран и Нептун, планетите кои содржат и метан од каде што произлегува нивната карактеристична сина боја. Во текот на целиот час покрај теоретското предавање децата и практично ги изработија планетите според фотографиите коишто им беа прикажувани.

06-01,06-02

06-03

06-05

06-05

06-06

06-07

06-08

06-09

Фотографии: Моника Тодевска

Сподели.