Шест фасцинантни факти за Плутон

0
Шест фасцинантни факти за Плутон

Слика од Плутон Заслуги: НАСА (NASA)

По долгото патување од девет години и 4.8 милијарди километри, леталото без екипаж „Нови Хоризонти“ (New Horizons) го достигна својот врв пред два месеци. Во првата недела од долгоочекуваното прелетување покрај Плутон научивме шест фасцинантни факти за оваа џуџеста планета.

1. Срцето на Плутон не мирува

Областа на Плутон со облик на срце, која изгледа е создадена од мраз, константно се менува. „Оваа област, сега позната како Срце, ја набљудуваме повеќе од 60 години и навистина изгледа како да еродира подолго време“, изјави планетарниот научник Бони Бурати (Bonnie Buratti) за Popular Science.

2. Плутон можеби е мал, но е поголем отколку што мислевме

Пресметките се дека Плутон е 70 километри подолг по обемот отколку што сметаа научниците претходно. Ова значи дека Плутон е најголемо вселенско тело во нашиот Сончев Систем гледано по орбитата на Плутон.

3. Некои кратери може да добијат имиња од ликови од серијата „Ѕвездени патеки“ (Star Trek)

Кратерите на Плутон изгледа се резултат од вселенски карпи кои паѓале врз неговата површина. Некои од овие кратери истражувачите можат да ги именуваат според ликови од „Ѕвездени патеки“.

Шест фасцинантни факти за Плутон

Слика од Google+ Hangout од 2013 покажува како одредени карактеристики на Плутон може да имаат имиња инспирирани од „Ѕвездени патеки“ Заслуги: SETI Institute/Space.com

4. Има нешто во атмосферата

Леталото „Нови хоризонти“ детектираше зрачење на азот пет дена пред неговото најблиско доближување до Плутон, многу порано отколку што предвидуваа истражувачите.

Ова зрачење „Нови Хоризонти“ го детектираше на далечина од 6 милиони километри отколку предвидените 2.5 милиони километри. Ова имплицира дека изворот на гасот е посилен отколку што се проценува.

5. Темната страна на Плутон

Беа забележани црни дамки на површината, кои се слични по големината и празнината, но не беа видливи кога „Нови хоризонти“ се доближи најблиску до Плутон, па овој пат нема многу да се дознаеме за нив.

6. Половите дефинитивно имаат мраз

Постоеја теории дека Плутон има поларни капи, но ништо не беше сигурно досега. Потврдено е дека мразот е составен од замрзнат метан и мраз од азот.

Превод: Јован Поповски

Извор: IFL Science

Сподели.