Следниот ровер на НАСА ќе биде наречен Упорност

0

Американската вселенска агенција има ново име за роверот кој ќе го испрати на црвената планета ова лето.

До денес, овој проект беше познат само по неговото тајно име – Марс 2020. Од сега па натаму, ќе биде познат како роверот Упорност (Perseverance). Името доаѓа од училишен натпревар со 28000 натпреварувачи. Роверот Упорност ќе ги започне обидите да се донесат камења назад на Земјата за испитување.

Упорност

Уметнички приказ: Упорност изгледа исто како и Љубопитност но претставува чекор напред во способност. Заслуги: НАСА/JPL-Калтек

Ќе поминува низ екваторијален кратер, барајќи ги најдобрите примероци кои може да ги складира за да бидат вратени со последователна мисија. Научниците мислат дека ова ќе биде најдобриот начин да се утврди дали некогаш постоел живот на Марс.

Натпреварот за именување на НАСА им даде на деца да го достават нивното омилено име заедно со есеј од 150 зборови да го поддржи истото. Армија волонтери – едукатори, професионалци и љубители на вселената – беше вработена да ја скоти лавината идеи во листа од девет за кои јавноста потоа можеше да гласа.

Научниот директор на НАСА, Томас Зурбукен, го прогласи победникот во четврток. Името Упорност беше предложено од Александар Метер, 13-годишен ученик од Вирџинија.

Александар Метер

Александар Метер сака да биде инженер за НАСА кога ќе порасне. Заслуги: НАСА/JPL-Калтек

Натпреварот ја следи традицијата на претходните роверски мисии на НАСА. Првиот робот со тркала на НАСА, кој слета на планетата во 1997, беше наречен Експеримент за лет на микроровер (Microrover Flight Experiment) додека 12-годишен ученик од Конектикат го предложи името Соџурнер (Sojourner), во чест на аболиционистот и активист за права на жените Сојурнер Трут (Sojourner Truth)

Роверите од 2004, Дух (Spirit) и Можност (Opportunity), беа именувани од ученик од Аризона, а најскопешното возило на агенцијата, Љубопитност (Curiosity), го доби своето име од 11-годишен ученик од Канзас.

Александар Метер, која сака да биде инженер за НАСА кога ќе порасне, истакна некои од овие мисии во својот победнички есеј.

Тој напиша: „Љубопитност, Увид, Дух, Можност. Ако размислите, сите овие имиња на претходни ровери на Марс се особини кои ги имаме како луѓе.„Секогаш сме љубопитни и бараме можности. Ги имаме духот и увидот за да ги истражиме Месечината, Марс и понатаму. „Но ако роверите нашите особини како луѓе, го промашивме најважното: упорност.

„Ние како луѓе сме еволуирале како суштества кои можат да научат како да се приспособат во каква било ситуација, без разлика колку непогодна. Ние сме вид од истражувачи, и ќе имаме многу пречки на патот кон Марс. Сепак, можеме да опстанеме. Ние, не како нација туку како луѓе, нема да се откажеме. Човечкиот род секогаш ќе опстане во иднината.“

Кејти Стак Морган, еден од научниците на проектот, ја опишува мисијата на новиот ровер.

Роверот Упорност неодамна пристигна во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида за да ги започне своите последни подготовки за лансирање. Ова ќе се случува меѓу 17 јули и 5 август. Патувањето до црвената планета ќе трае седум месеци. Инженерите целат на слетување кратко по 20:30 гриничко време (21:30 во Македонија) во четврток, 18 февруари 2021.

Лори Глејз, директорот на одделот за планетарна наука на агенцијата, рече: „Роверот Упорност ќе собира примероци. Ова е првиот дел од првиот пат од Земјата до Марс и назад. Се надеваме дека некаде во 2030тите ќе ги донесеме овие примероци назад на Земјата. Тоа ќе биде неверојатно.“

Уште три мисии треба да заминат на Марс оваа година, вклучувајќи ровер од Кина и орбитер од Обединетите Арапски Емирати.

Европа треба да прати ровер наречен Розалинд Френклин но моментално има значителна несигурност за дали ќе биде спремен навреме.

роботска рака

Роверот Упорност ќе го носи своето име на титаниумска плоча на неговата роботска рака. Заслуги: НАСА/JPL-Калтек

Превод: Јоаким Јаковлески

ИЗвор: www.bbc.com

Сподели.