Роверот на НАСА за 2020 ќе произведува кислород на Марс

0

Ако планираме некогаш да живееме на Марс, кога-тогаш ќе треба таму да се снабдиме со кислород. Веќе има изобилство на вода на Марс, па дури и снег, но без оваа витална молекула, не правиме ништо.

Зборувајќи за „Futurism“ за надежта на Америка за одење на Црвената планета, Роберт Лајтфут Џуниор предложи еден начин за носење на кислород на Марс – преку следниот лендер. Секако, тој не мисли лендерот да носи контејнери полни со кислород, туку самиот да го произведува гасот кога ќе пристигне.

Следниот лендер кој оди на Марс, Марс 2020 , ќе се обиде да изведе експеримент со кој ќе создаде кислород во атмосферата на Марс.

Како точно ќе се изведе овој експеримент?

Во моментов, атмосферата на Марс е многу различна од онаа на Земјата. Таа е составена од јаглерод диоксид (95 %) и многу малку азот (3 %). Нашата планета е во најголем дел составена од азот, но има и значително количество на кислород (21 %).

Марсовата атмосфера е неверојатно тенка. Пред многу години таа била многу погуста, до таа мера што дури содржела и кислород во количини слични на Земјата.

Но, со паѓањето на магнетното поле на Марс, силниот соларен ветар ги отстранил овие гасови од неговата атмосфера, така што денес постојат само траги од кислород во горните делови на атмосферата.

Фотосинтезата е процес кој активно го претвора јаглеродниот диоксид во кислород, па ако нешто слично на овој процес може да биде збиено во мала кутија, тоа би можело да биде прикачено на роверот. Тоа е еден начин, инспириран од природата, за  да се покачат нивоата на кислород на Марс.

Еден од можните методи е и употребата на моќен ласер за да се оддели атомот на јаглерод од молекулата СО2 во атмосферата на Марс. Електролизата е алтернативен  метод со кој би можело да се постигне истото.Роверот на НАСА за 2020 ќе произведува кислород на Марс

Се чини дека НАСА ќе се одлучи за последната опција. Тие веќе го инсталираа MOXIE (Mars Oxygen In situ resource utilization Experiment) на роверот Марс 2020. Целта е да се почне со производство на мали количини кислород на површината на Марс и тие да бидат што е можно почисти. Ако ова биде успешно, НАСА планира да создаде инструмент како MOXIE на Марс, но 100 пати поголем, кој би произведувал кислород во атмосферата за астронаутите кои во иднина би заминале таму. Како гас, може да се дише, а како течност буквално може да послужи како ракетно гориво.

Ова ќе биде возбудлив чекор кон преобразување на четвртата карпеста планета од Сонцето во погостопримливо место за живот.

Превод: Милан Велков

Извор: IFL Science

Сподели.