Редок минерал пронајден на местото на ударот на древен метеорит

0

Реткиот минерал реидит, досега виден само три пати, и тоа на местото на ударите на масивните метеорити, пронајден е во кратерот Рок Елм (Rock Elm), во западен Висконсин. Реидит е вид на циркон и е еден од најтврдите материјали на Земјата.

Спред универзитетот Порто Рико во Мајагуезу, овој примерок е досега најстар пронајден минерал и е стар од 450 до 470 милиони години.

Научниците прво открија невообичаен висок притисок на циркони во лабораториите во 60-те години, а потоа овој минерал е конечно пронајден во природата во 2001 година на три точки од ударите: кратерот Чесапик Беј (Chesapeake Bay) во Вирџинија, кратерот Риес (Ries) во Германија и кинескиот кратер Ксиујан (Xiuyan).

Многу научници кои се занимаваа со оваа проблематика не очекуваа дека токму во кратерот Рок Елм ќе биде пронајден овој минерал во песок, каде се наоѓаат и остатоци од циркон и кварц. Поранешните откриени остатоци од реидит се пронајдени стопени во мешавина од камен, истопен за време на ударот и оладен во стакло, со нестопени делови од камен.

Редок минерал пронајден на местото на ударот на древен метеорит

Особено реткиот минерал – реидит

На годишниот состанок на Американското геолошко друштво во Ванкувер, Британска Колумбија, еден од научниците кои подолго време го истражуваат овој редок минерал тврди дека овој пронајден реидит е поредок од цирконите стари 4.4 милијарди години.

Трансформацијата на цирконите во реидит се случува кога ударните бранови од метеорити го зголемуваат притисокот и температурата до екстремни нивоа, слични на она во центарот на Земјата, каде се обликуваат дијамантите. Поради притисокот, минералите своите молекули ги преобликуваат во густи кристални структури. Реидитот има иста структура како обичниот циркон, но е 10% погуст.

За трансформацијата на цирконот во реидит е потребен огромен притисок, па присуството на овој минерал во кратерот Рок Елм открива дека ова подрачје доживеало многу поголем шок отколку што досега се мислеше. Трансформацијата во реидит се одвива помеѓу 30 и 80 гигапаскали. Поранешните студии проценуваа дека врз основа на испитувањата на „шокираниот“ кварц, притисокот при ударот не бил поголем од 10 гигапаскали.

Според еден научник од универзитетот Пуерто Рико, секој ударен кратер од песочникот содржи циркони, а сега дознаваме дека реидитот можеби е присутен во поголема мера отколку што тоа научниците досега го мислеа. Сега е време да се побара овој минерал, таму каде што никој не ни мислел дека ќе го најде.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.