Џо Велајдум не може а да не се замисли, што би се случило ако само малку подолго останал пред неговата куќа, пред да тргне на прошетка со неговите кучиња.

Остатоци од метеоритот кој удрил на пешачка патека пред некоја куќа во Маршфилд, Пенсилванија во јули 2024 година. Кредит: Лаура Кели
Имено, Џо се спремал на прошетка со неговите кучиња и само неколку секунди по тргнувањето од неговата куќа, метеорит удрил во пешачката патека точно пред неговиот дом во Маршфилд, остров Принц Едвард, распарчувајќи се при ударот со огромна силина.
За уште поголема среќа, камерата од неговиот дом успева со слика и звук да го фати ударот на метеоритот.
Еден човек фатил нешто навидум невозможно: слика и звук од метеорит кој удира во Земјата.
CBC News: Луиз Мартин зборува со Крис Херд, колекционер на метеорити при универзитетот во Алберта, за ова ретко откритие.
Некои научници дури сметаат дека ова можеби е и прв пат да добиеме слика и звук од удар на метеорит, а благодарение на Џо Велајдум сега можат и да испитуваат работи поврзани со метеоритот.
Откако некој пријател му кажал дека може да е метеорит, Џо почнал да ги собира остатоците од метеоритот, каде што околу 7 грама биле пратени на Херд во Едмонтон.

Крис Херд, колекционер на метеорити при универзитетот во Алберта, зборува дека ова е првиот и единствен метеорит некогаш пронајден на островот.
Околу 95 грама остатоци и делови вкупно се собрани од местото на ударот. По испитување на фотографии од делови и остатоци, Херд потврди дека откритието е всушност метеорит.

Мали примероци беа тестирани во универзитетот во Алберта и потврдија дека се обичен хондрит – метеорит.
Кредити: Универзитетот во АлбертаХерд објаснува дека метеоритите обично влегуваат го нашата атмосфера со околу 60 000 км/ч, пред да забават до нивната крајна брзина. Карпата или метеоритот што удрил пред домот на Велајдум имала брзина од најмалку 200 км/ч додека да удри во земјата.
Херд е возбуден што ова е првиот метеорит којшто паднал на островот, а поминал долг пат доаѓајќи од астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер, додека Џо Велајдум останува во шок, не знаејќи како да го протолкува сето ова што му се случило, освен со чудо и возбуда.
Превод: Маца Николова
Извор: cbc.ca