За прв пат сликано раѓањето на црна дупка или неутронска ѕвезда

0

Интернационален тим предводен од „Северозападниот универзитет“ (САД), е се поблиску до разоткривањето на мистеријата зад светлиот објект кој блесна на северното небо ова лето. На 17ти Јуни телескопите близнаци на ATLAS во Хаваи најдоа спектакуларно светла аномалија на оддалеченост од 200 милиони години во соѕвездието Херкулес. Наречена АТ2018cow или „Кравата“ објектот брзо се осветли а потоа исчезна со иста брзина. По комбинирањето на неколку извори на слики вклучувајки снимки во рендген и радиобранови, мултиинституционалниот тим сега шпекулира дека телескопите можеби го фатиле моментот на колапс на една ѕвезда во покомактен обект како црна дупка или неутронска ѕвезда. Ѕвездените остатоци, вртејќи се, се поблиску до хоризонтот на случувања го предизвикале неверојатно сјајниот блесок.

Реткиот настан ќе им помогне на астрономите подобро да ја разберат физиката зад првите моменти на создавањето на црна дупка или неутронска ѕвезда. „Сметаме дека „Кравата“ е формацијата на акрециска црна дупка или неутронска ѕвезда“ вели Рафаела Маргути од „Северозападниот универзитет“ која го предводи истражувањето. „Знаеме од теорија дека црните дупки и неутронските ѕвезди настануваат со смртта на една ѕвезда но никогаш досега ги немаме видено веднаш по нивното раѓање. Никогаш.“

Маргути ќе ги представи своите откритија на 233тата средба на Американското Астрономско Друштво на 10 Јануари во Сиетл. Истражувањето ќе биде објавено во „Астрофизичкиот журнал“. Маргути е асистент професор по физика и астрономија на универзитетот при „колеџот за уметности и науки – Вајнберг“ и член на CIERA – центарот за интердисциплинарно истражување во астрофизиката при универзитетот кој е фокусиран на астрофизички истражувања со фокус на инстердисциплинарните поврзаности.

По првото забележување, Кравата веднаш привлече меѓународен интерес и ги остави астрономите да се чешаат по главата. „Мислевме дека е можеби супернова“ вели Маргути, „Но тоа што го видовме направи да се сомневаме во сегашните представи за ѕвездена смрт“. Аномалијата била неприродно светла – 10 до 100 пати посветла од типична супернова. Се појави и исчезна многу побрзо од било која друга позната ѕвездена експлозија со честички со брзина од 30,000 km/s. За само 16 дена објектот веќе ја имал испуштено поголемиот дел од својата моќ. Во универзум каде некои феномени трааат милиони и милијарди години, две недели е само едно трепнување на окото.

„Веднаш знаевме дека изворот од неактивен го достигна врвот на луминозноста за само неколку дена“ вели Маргути. „Тоа беше доволно за сите да се возбудат бидејки беше толку невообичаено и по астрономски стандарди многу близу.“ Користејки ги универзитетските привилегии за пристап до оберваториите W.M. Keck во Хаваи и MMT во Аризона како и далечинскиот пристап до SoAR телескопот во Чиле, Маргути направила подетален преглед на составот на објектот. Бил испитан неговиот хемиски состав, наоѓајки докази за присуство на водород и хелим што ги исклучило моделите за спој на компактни објекти – како оние кои создаваат гравитациски бранови.

Астрономите традиционално ја проучуваат ѕвездената смрт во оптичките бранови должини со телескопи за видлива светлина. Тимот на Маргути од руга страна користел посеопфатен пристап. Тимот го видел објектот во рендген, радио и гама бранови должини. Ова им овозможило да продолжат да го проучуваат долго по избледувањето на иницијалната видлива светлина. По забележувањето на објектот од страна на ATLAS тимот на Маргути брзо ги направил следните набљудувања на „Кравата“ со „нуклеарната спектроскопска мрежа“ на НАСА ,INTEGRAL и XMM-Newton лабораториите за рендгенски зраци и радио антените при „Многу големата мрежа“. Според Маргути релативната голост на објектот е причината за потенцијалот зад можноста за разоткривање на оваа интергалактичка мистерија. Иако ѕвездите можеби колабираат во црни дупки цело време, големото количество материја околу новородените црни дупки го блокира погледот на астрономите. За среќа околу 10 пати помалку исфрлен материјал се вртел околу „Кравата“ во споредба со типичната ѕвездена експлозија. Недостатокот на материјал им дозволил на астрономите да ѕирнат право до „централниот мотор“ кој се открил себе си како црна дупка или неутронска ѕвезда. „Длабоко во исфрлениот материјал од експлозијата седеше сијалица која ќе беше тешко да се види при нормална ѕвездена експлозија. Но „Кравата“ има многу малку исфрлена материја што ни овозможи да ја видиме радијацијата на централниот мотор дирекно“ вели Маргути.

Тимот на Маргути исто така имал олеснителна околност во релативната блискост на ѕвездата до Земјата. Иако е вгнездена во далечната џуџе галаксија наречена CGCG 137-068, астрономите сметаат дека ова е „веднаш зад аголот“. „200 милиони светлосни години е блиску“ вели Марготи. „Ова е најблискиот транзитен објект од овој вид што го имаме пронајдено“. Тимот на Марготи исто така ги вклучува постдипломскиот студент Апраџита Хаџела, постдокторантите Гиакомо Тереран, Деан Копеханс и Кејт Александер како и додипломскиот студент Даниел Бретхауер.

„Тоа што ми е дадена можност да допринесам во нешто напредно и интернационално како разбирањето на АТ2018cow додека сум на додипломски студии е надреално искуство“ вели Бретхауер. „Тоа што им помогнав на светските експерти да разберат што е AT2018cow дури и со најмал допринос беше надвор од моите најневеројатни очекувања на почетокот на летото и нешто што ќе го паметам до крајот на мојот живот“.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: phys.org

Сподели.